Во еден ресторан во Мајами додека едно семејство седело на маса да руча, најмалиот од нив по име Јеремија, љубопитно ги набљудувал другите гости.
Во еден момент неговиот поглед застанал во еден човек, останал со отворена уста и го удрил татко му по рака:
„Тато, тато, ене го Марсело од Реал Мадрид“
„Еремија, седи сега мирен на место и немој на никој да одиш и да му пречиш“, му одговорил татко му.
Малиот не бил задоволен од одговорот, а кон неговата маса се загледал и бекот на Реал кој во еден момент станал, се доближил до масата на Јеремија и му се обратил на неговиот татко:
„Извинете што ви пречам, јас сум Марсело, ваш обожавател“.
И додека Марсело се сликал со него и татко му, Јеремија се потсетил дека истата работа му се случила и со Луис Суарез.
„Како е можно овие славни играчи да сакаат да се сликаат со татко ми“?
Тој знаел дека татко му бил фудбалер и му имаат раскажано за неговите добри игри. Се работи за фудбалер кој како дете давал по 5-6 гола по натпревар. Го однел неговиот слаб тим во финале на еден престижен национален турнир и за да слави отишол по риба со роднина. Толку му се допаднало рибарењето, што изгубил осет колку е часот и заборавил на финалето.
Го собрале од риба додека траел натпреварот и тоа кога неговиот тим губел 3:0. Тој се преслекол во кола, влегол во второ полувреме и дал 5 гола.
На Јеремија не му било јасно зошто толку сакаат да се сликаат со татко му, но кога видел колку познати фудбалери му приоѓаат почнал да разбира.
Како се викал татко му?
Алваро Рекоба