На првото овосезонско гостување во Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар со 31-26 (13-14) го победија рускиот шампион Астраханочка и веќе се на прагот од пласман во следната фаза од елитната ЛШ.
Во таборот на италијанскиот шампион има еден заборавен голман за кој сигурно веќе и управата не знае дека го има. Добил шанса само 30 минути на пријателска и кога го ставиле во игра му се треселе нозете, а кога Кјелини го носел дома со Поршето мислел дека гепекот е позади.
Статистиката може да те уништи медиумски и можеш да бидеш по уште поголем притисок дека треба да победиш или ќе те направи посилен, па потоа никој нема да смее да ти стапне на жуљ. Кај Пеп Гвардиола искуствата го покажуваат ова второто во Ла Лига и Бундеслига.
Па дури и ако судијата ги прекршил правилата на фудбалот, никој нема да му замери поради тоа што му даде жолт картон на Сипо Моети од Јужна Африка затоа што при водство од 3:0 на неговиот тим, тој го понижуваше противникот со глупаво однесување.
Кога некој клуб ќе се реши да извади од џеб или од спонзорите сеедно, 105 милиони евра, а него го има секаде на терен (читај никаде), тогаш сосема нормално е англискиот печат да го стави на тапет, особено по поразот од Челси од 4:0 кој се смета за срамен.
Фудбалското првенство на Тајланд заврши порано од предвиденото, шампионот го крунисале пет кола пред крајот а две екипи испаднале иако имале шанса да опстанат во првата лига.
На секој 25 октомври Бобан, Шукер, Јарни, Просинечки, Штимац, Мијатовиќ и останатите деца на Мирко Јозиќ треба да се собираат во кафана и да почнат со муабетот „Сечате ли се шта смо урадили“. ФИФА на својот веб сајт денеска им посвети простор по повод 29 години од освојувањето на златниот пехар.
По одиграниот дуел меѓу Брегалница и Пелистер во Кочани кој заврши 0-0, навивачите на Пелистер биле брутално претепани од полицијата која соопшти дека најпрво физички бил нападнат нивен колега. Нереди имало пред, за време и по одиграниот меч.
На 22. октомври се навршија 100 години од смртта на големиот Херберт Килпин, англиски фудбалер, тренер и основач на италијанскиот клуб Милан. За него има многу анегдоти, а тифозите редовно се потсетуваат на таткото на Росонерите.
Ракометарите на Металург го доживеаа третиот пораз во петтото коло од елитната Лига на шампиони. Вечерва во Франција Монпеље беше подобар за десет гола 28:18 (13:12)
Само половина минута беше доволно за Жозе Мурињо да биде скиснат при кам бекот кај тимот со кој се прослави во Премиер лигата и на кој му донесе три титули. Судијата свирна почеток на големото дерби во 17:00 часот, а 17:01 Де Хеа исплива во празо, а Педро го отвои резултатот. По 20 минути игра работите уште повеќе му се искомплицираа. Гери Кејхил зголеми на 2:0.
Откако го совладаа Загреб во дуел од СЕХА лигата, Вардарци вечерва загубија на гости од хрватскиот шампион 28:27 (12-17), во петтото коло од европската Лига на шампиони.
Италија, Холандија, Шпанија и Англија викендов ни носат по една дерби пресметка која освен што вреди да се гледа, може и да се типува на Типстер со поголеми коефициенти и двојно поголем влог.
Ракометарките на ЖРК Вардар го демолираа Лајпциг за прва победа во второто коло од ракометната Лига на шампиони. Конечниот резултат на мечот личи како македонскиот првак да играл меч од домашното првенство.
Како мал станувал во 5 сабајле за да разнесува млеко и да заработи 80 пезоси. По работата одел во вежбална, па на тренинг. Никој од младинските тренери не верувал дека слабичкиот Хавиер ќе стане професионален фудбалер, а тој одигра повеќе од 700 средби.
Човекот кој важи за најуспешен тренер на Челси во дуелите против Манчестер Јунајтед, сега се наоѓа во обратна улога, а тоа е да ја прекине одличната серија на неговиот поранешен клуб со која не може да се пофали друга екипа.
Буџетот на рускиот Зенит е 165 милиони, а на ирскиот Дандалк 1 милион, но тоа не му сметаше на анонимниот клуб од Ирска да се пласира во Лигата на Европа, да му пркоси на Зенит и таму веќе после три кола да освои четири бода со домашни играчи.
Сасуоло помина најголем дел од историјата во аматерските лиги, но по драматичното кревање сега победуваат некои од најпрестижните европски клубови и го радуваат малиот град.
Со седмиот рекорден хет-трик во Лигата на шампионите, Меси сам го победи Манчестер Сити на неговиот поранешен учител Пеп Гвардиола. Бешикташ го направи најголемото изненадување вечерва откако со 2:3 го победи Наполи на „Сан Паоло“.
На 16 септември 1992-ра, најелитното клупско европско натпреварување ја стартуваше новата ера со логото UEFA Champions League, а оваа сезона ќе слави четврт век постоење. Ова е мал дел од највозбудливите моменти на најголемото фудбалско уживање кое во вторник и среда во 20:45 нè бетонира пред тв.