Типувај четири дерби дуели на Типстер

Италија, Холандија, Шпанија и Англија викендов ни носат по една дерби пресметка која освен што вреди да се гледа, може и да се типува на Типстер со поголеми коефициенти и двојно поголем влог.

Милан - Јувентус (сабота 20:45)

Ривалството меѓу двата најтрофејни италијански клубови старо 105 години до сега во Серија А донесе 162 средби. Дека секогаш носи неизвесност говори фактот што 53 дуели завршиле без победник, Јувентус има 60 победи, а Милан 49. Старата дама е прва со 21 бод, Милан е трет со 16 и ќе има задача да го сопре гостинот кој важи за благ фаворит.
 
Феенорд - Ајакс (недела 14:30)

Фудбалерите на Феенорд се незапирливи во холандското првенство со 9 од 9 и извонредна гол разлика 25:3. Испитот денеска им е најтежок бидејќи на гости доаѓа најголемиот ривал Ајакс кој е второпласиран со 5 бода помалку и само еден пораз на девет средби. Ајакс е подобар во меѓусебниот скор со 67:44, а 43 средби завршиле нерешено.
 
Севиља - Атлетико Мадрид (недела 16:15)

Во Ла Лига нема поголемо дерби од Ел Класико, но тоа е закажано за 4 декември, а ова коло најголемата битка ќе се води меѓу освојувачот на Лига Европа и четата на Диего Симеоне која минатото коло ја решеташе Гранада со 7:1. Атлетико ја дели лидерската позиција на табелата со Реал Мадрид, а Севиља има бод помалку.
 
Челси - Манчестер Јунајтед (недела 17:00)

Жозе Мурињо ќе се бори против ужасната серија на Јунајтед на дуелите со Челси. Статистичарите извадија податок кој вели дека Црвените Ѓаволи победиле само еднаш на Стемфорд Бриџ од 2002-ра година. На последните седум средби Манчестер нема победа против Челси, туку три порази и четири нерешени. На табела имаат само два бода разлика, Челси е петти, Јунајтед седми.
22 октомври 2016 - 12:14