Ако бројките и рекордот нешто му значат, тогаш Жозе Мурињо нема баш да биде среќен што во недела ќе се врати на Стамфорд Бриџ. Овој пат тој нема да брка шеста победа против Јунајтед, туку прва на Јунајтед во последниве осум соочувања со Челси.
Сините се во фантастична серија на последните седум дуели против Црвените ѓаволи на кои имаат три победи, четири нерешени и ниту еден пораз, а Жозе Мурињо е единствениот тренер на Челси кој пет пати го има победено Јунајтед.
Доколку викендов Челси остане непоразен од Јунајтед ќе стигне до еден историски податок кој вреди да се издвои:
„Челси ниту еднаш во својата историја не успеал да врзе серија без пораз на осум натпревари во низа против еден ист клуб“.
Челси е поуспешен на дуелите против Манчестер Јунајтед во однос на Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити. На 48 средби имаат освоено 67 бодови од можни 144, а Арсенал е втор со 17 бода помалку. Од 16-те победи против Јунајтед, пет се на Мурињо.
На прво место е и во реализацијата. Челси му има дадено на Јунајтед 62 гола, а има примено 59. Ливерпул е втор по овој параметар со гол разлика 55:72, трет е Манчестер Сити со 51:59, а Арсенал со 48:59.
Од големите победи на Челси против Јунајтед за издвојување е петардата на Стемфорд Бриџ во октомври 1999-та, потоа триумфот од 3:0 на Олд Трафорд во декември 2001 и оние 3:0 од април 2006-та кои му ја донесоа втората титула на Мурињо во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед има само една победа на последните осум гостувања во Лондон, но историски гледано има освоено повеќе бодови на Стемфорд Бриџ од сите други екипи во Премиер лигата.
На 74 гостувања на Стемфорд Бриџ имаат 30 победи или 1.49 бодови по натпревар. Потоа следуваат Ватфорд (1.45), Вимблдон (1.31), Арсенал (1.27) и Барнли (1.21).
Победата од 3:0 и славјето на титулата на 29 април 2006-та