Жозе Мурињо му дава погрешна улога или не му лежи Премиер лигата? Можеби тука треба да се бараат причините за слабиот старт на Пол Погба на Олд Трафорд.
Манчестер Јунајтед има само 14 од можни 27 бода по првите 9 кола, што е очајно лош старт за клуб кој сезонава според името на тренерот и засилувањата ветуваше многу подобри резултати и враќање на врвот.
Критиките освен кај Мурињо се разбира дека одат на сметка на најскапо платениот играч во историјата кој недозволиво е за навивачите да го нема на насловните страници во иста конотација како што го имаше во Јуве каде беше лидер.
Статистиката по првите негови 8 меча за Јунајтед покажува дека тој е инфериорен во однос на првите 8 меча за Јувентус минатата сезона. Прецизноста во додавањата сезонава во однос на лани му е 83,7% наспрема 86,7%, а процентот на шутирање му 22,7 наспрема 30,4 лани. Исто така тој во моментов има помалку удари во рамки на гол и помалку дриблинзи во однос на првите 8 кола минатата сезона.
За 23 годишниот француски репрезентативец некои статистички перформанси се подобри сега од лани. На пример тој сега има постигнато еден гол и нема ниту една асистенција, идентично како на стартот на ланската сезона, но има создадено 12 шанси за неговите соиграчи да постигнат гол, скоро дупло во однос на ланските 7 на стартот на 2015/2016.
Сепак овој податок се разбира дека е премалку за да ги смири незадоволните навивачи кои очекуваа многу повеќе од четирикратниот освојувач на Скудетото. Од статистиката предмет на анализа може да бидат и овие два показатели:
Позицијата на Погба во средниот ред на секој меч е различна
И дури 9 играчи од среден ред трчаат повеќе од него.