На листата Руси што се најдоа под санкции на САД, се издвојува името на Генадиј Тимченко, човекот кој е делумен сопственик на компанијата Гунвор Груп (4-ти по големина трговец со нафта во светот и која во 2013-та имаше приходи од 90 милијарди долари). Се верува дека ова е човекот што ги пази парите на Путин во фирмата.
Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез е избран за најдобар фудбалер на годината, а за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата е прогласен Еден Азар од Челси.
Македонскиот вицешампион уште еднаш ја почувствува моќта на Бундеслигашот кој и покрај огромната предност од 10 поени разлика од првиот дуел, повторно беше немилосрден на веќе обезбедениот пат до Келн.
Откако речиси 20 минути по завршување на натпреварот Комитите не престанаа со пеење, цела екипа на Вардар повторно влезе во сала за да се поздрави со навивачите.
Во пеколна и трилер завршница, Страхиња Милиќ не успеа да му одолее на пеналот досуден на 10 секунди пред крај на натпреварот. Вардар – Фленсбург 27:25, Германците одат во полуфинале.
Како вчера да ја видовме мајсторијата на 16 годишното момче од Евертон кое како голем талент потоа го засили тимот од „Олд Трафорд“. Тој има веќе една деценија стаж во Манчестер Јунајтед, доволно време за да стане еден од најважните играчи за историјата на клубот.
Македонскиот ракометен шампион утре го игра најважниот, но и најтешкиот меч на сезоната на кој брка историски фајнлфор. На само еден час пред повлекувањето во карантин, за офф.нет зборува левиот бек на Вардар, кој повторно ќе има тешка задача да ги скроти налетите на Германците.
По одличниот настап во женската Лига на шампиони, дури шест ракометарки на Вардар се номинирани за место во Ол стар тимот. Одвојте една минути и гласајте за девојките затоа што тие тоа го заслужија.
За време на велигденскиот викенд (сабота, недела, понеделник) на улиците на Чикаго биле застрелани вкупно 45 луѓе, од нив 6 деца. Не како дел од масакр, туку редовни престрелки меѓу банди и криминалци. Chiraq = Chicago + Iraq.
Шерпас во просек заработува по 125 долари од искачување со легален товар (околу 9 килограми), и тоа ова е просечен, ниту добар, ниту лош шерпас, а тоа што го имаш него не значи дека не треба да земеш и водич низ планината. И тука има од – до цена.
Анализата е на тема колку често паровите имаат секс. Резултатите ќе извадат бројки за кои жените веројатно се свесни, а мажите ќе бидат упорни дека тие не важат за нив.
Елиминацијата на Хамбург не беше случајност. Македонскиот ракометен шампион му покажа заби на уште еден бундеслигаш и со негатива од само 2 гола ќе го пречека тимот на Флензбург на реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите.
Кога Перо Антиќ стартува на центарската позиција, Атланта победува против Индијана. Така беше и на првиот натпревар од плејофот. Тимот на Перо Антиќ го изненади фаворитот и со победа ја стартуваше плејоф серијата против Индијана.
Помогнати од технологии како меил и видео-разговори, начинот на кој што го организираме животот и ги структурираме компаниите (посебно состаноците) почна да троши спектакуларни количества време, барем така тврди студија објавена во Харвард Бизнис Ривју.
„Жал ми е што не можеа сите да дојдат до влезница. Би сакал да постоеше начин сите да влезат па да гори салата“, изјави Лино Червар пред големата тешка четвртфинална битка против трикратниот европски шампион Кил.
До жените, стрпете се, ова со брадиве ќе потрае уште кратко време, ама после пак сите ќе фатат бричовите во рака. До мажите, тоа што имате брада во моментов воопшто не ве прави уникатни, сите имаат, дури и банкари.
Добро ни е познато дека шеиците не знаат да ги штедат своите нафтени милиони, а од нив најдобро се офајдија фудбалерите на Манчестер Сити кои имаат највисоки плати во светот на спортот.
Актуелниот македонски првак Вардар стигна до првиот трофеј оваа сезона на кој се радуваше пред две години. Со триумф од 29:27 Вардарци беа подобри од белорускиот состав Мешков Брест и станаа нов шампион во СЕХА лигата.
Перо Антиќ ќе игра во плејофот на НБА лигата откако неговата екипа го осигура пласманот меѓу осумте најдобри во источната конференција и тоа со победа над шампионот Мајами Хит.
Кременадлата е боговско парче месо, честопати подобра и од поскапите делови на благородното животно свињата. Коска, месо и мрсно, хармоничен триумвират на кој тешко му се одолева. Кременадлата е едноставна за подготувавње како хаику. Ама можеш уште полесно да ја утнеш работата па таа да испадне или ѓон или ѓон. Еве на што најчесто се греши.