По црната серија без победа, Сиксерси го запишаа првиот триумф сезонава, во Минеаполис против Минесота 85:77. Атланта на Антиќ го скроти и шампионот Мајами 112:102 на гости, а повторно доминираше Лоури од Торонто со 39 коша.
Во последниот ден од деветтото коло во Бизнис лигата Sparkasse со пресврт во второто полувреме го порази Eurolink, а АрцелорМитал и СЦ Борис Трајковски одиграа без победник.
Требл ја викаат Англичаните, а Триплета Италијанците. Ја добива оној клуб што ќе освои домашно првенство, куп и ЛШ или ЛЕ во една сезона. Три клуба во последните шест години направија таков подвиг, а во историјата еден клуб освоил 4 трофеи во една година во Европа.
Покрај ветените премии и бонуси за успешната сезона лани во ЛШ, кога Реал ја освои јубилејната 10. титула, фудбалерите на кралскиот клуб сега добија и скапоцени часовници. Мадридскиот клуб вчера убедливо ја победи Корнеја во купот и се пласираше во 1/8 финалето.
Пред 30 години беше дел од насловните страници во италијанските весници заедно со неговиот попознат братучед. Беше надежен голгетер, живееше луксузно, смени 38 коли во животот, но сега питачи на железничка станица.
Победник на минатогодишниот Идол во Шведска беше Кевин Вокер, играчот од средината на теренот и капитен на Ѓургарден, но тој не е единствен што е роден со две дарби, затоа што фудбал играл и познатиот поп пејач Хулио Иглесиас.
Перо Антиќ беше единствениот играч кај Хокси кој не влезе во игра, но неговиот тим врза две победи по ред. Рукито на Сиксерси го оствари првиот трипл – дабл оваа сезона во НБА лигата, но ни тоа не помогна за да ја спречи ужасната серија.
Денес на програмата скопското фудбалско, како и белградското кошаркарско дерби, натпревари од најдобрите европски лиги, ракометна лига на шампиони и НБА натпревар.
Во 10. коло од АБА лигата, „штрковите" се држеа само едно полувреме, по што домаќинот славеше 69:56. Лучиќ со 17 и Цветковиќ со 13 коша најефикасни кај аеродромци, кои во следното коло го дочекуваат Левски од Софија.
По двата порази од Веспрем, македонскиот вицешампион славеше против Целје во седмото коло од Лигата на шампионите. Со оваа победа Вардар им го честиташе 15 годишниот јубилеј на Лојал фанс и се зацврсти на втората позиција во групата Ц.
Навивачката група Лојал Фанс ги поканува сите навивачи на ФК Вардар во недела да дојдат на Арената Филип II и заедно да го прослават јубилејот од 15 години постоење, како и есенската титула на нивниот омилен фудбалски клуб.
Спортската сабота почнува со Премиер лига, а завршува со шпански фудбал. Во меѓувреме имате за гледање италијанско и германско првенство, домашна и регионална кошарка, како и ракометна Лига на шампиони.
58 голови вечерва на натпреварите од 5. коло во Лига Европа. По Ибраими и Пандев, од Европа се поздрави и Адеми со Динамо Загреб. Муарем со Карабах и Абдурахими со Локерен имаат уште шанси за европска пролет.
Прво француската фудбалска лига го суспендираше на 6 месеци за тоа што го удри Тијаго Мота со глава, за сега бразилскиот напаѓач добие и судска казна за прекршокот.
Филаделфија игра најлоша НБА сезона во клупската историја, откако синоќа 76'-ките поразени излегоа и на 15. натпревар по ред. Спарси славеа и без тренерот Грег Поповиќ, кој побара медицинска помош.
Во последниот ден од 8 коло во Бизнис лигата Eurolink беше немилосрден со 17 голови во мрежата на Контрола на летање, а висок триумф славеше и Montenegro против Борис Трајковски.
30 рагби аматери од Франција како едвај да чекаа да го слушнат свирчето на судијата за старт, за да се измлатат. Четворица веднаш беа набркани, а уште двајца поради груба игра за време на мечот.
Вечерва се игра петтото, претпоследно коло од групната фаза во Лигата на шампионите по што ќе се знае кој оди понатаму, кој продолжува во ЛЕ, а кој ќе игра само домашно првенство. Агим Ибраими веројатно ќе биде на клупата за резерви.
Капитенот на Металург кој викендов експлодираше со 11 од 11 во Борис Трајковски најдобрата сезона во Лигата на шампионите ја имаше во 2012/2013 со 77 голови, а тимот од Автокоманда стигна до историското четвртфинале.
Вториот по големина акционер во Арсенал, Алишер Узманов изјави дека поради принципите на Арсен Венгер, клубот тапка во место и дека Французинот мора да ги признае сопствените грешки, од кои досега не научил ништо.
На 9 средби за Милан годинава, Шпанецот даде само еден гол, но може да биде главен адут на Пипо Инзаги за дербито против Интер во недела, затоа што досега дал 10 гола на комшиските дуели во Ливерпул, Мадрид и Лондон.