Ем играат фудбал, ем пејат, меѓу нив и Панчев

Победник на минатогодишниот Идол во Шведска беше Кевин Вокер, играчот од средината на теренот и капитен на Ѓургарден, но тој не е единствен што е роден со две дарби, затоа што фудбал играл и познатиот поп пејач Хулио Иглесиас.

Многу се обиделе да го прават и едното и другото, но ретко на кој му успеало како на Кевин Вокер, Швеѓанецот со ирско потекло. Фудбалерот на шведскиот прволигаш Ѓургарден лани победи на скандинавскиот Идол и стана попознат како пејач, отколку како фудбалер.

„До пред некое време се занимавав само со фудбал, а музиката влезе подоцна во мојот живот и ми стана пасија. Сакам да уживам во музиката и ќе продолжам да пеам“, вели за ББС Кевин Вокер.

Татко му на Кевин, Пат Вокер е поранешен фудбалер на англискиот Гилингем и репрезентативец на Република Ирска до 21 година. Вокер постариот во 1983. година се преселил во Шведска и толку му се допаднало што останал да живее. Досега како тренер водел 6 клубови во Норвешка и Шведска.

Ако тој имал од кој да слуша за фудбалот, тогаш чуден е случајот на Хулио Иглесиас. Латино шармерот досега издал преку 30 албуми, поседува приватен аеродром и вила на Карибите, но малкумина знаат дека играл фудбал и тоа за Реал Мадрид Б. Кога бил студент по право, Иглесиас имал тешка сообраќајна несреќа и не можел да оди цели 2 години, по што го баталил фудбалот.

Кевин Вокер досега играше за Шведска У-17, У-19 и У-21, но со неговата двојна кариера никако да се помират останатите фудбалери. Во Шведска лани еден меч се одложи, поради тоа што Вокер морал да има настап на Идол и тоа предизвика бурни реакции во јавноста. Шведскиот Идол се одржува на каналот ТВ4, којшто ги имал откупено првата на пренос од натпреварите во втората шведска лига по што еднаш го одложил дуелот на Сундсвал против Деферфорс.

„Апсурдно е, телевизијата може да прави што сака. Кога нашиот голман се врати дента кога имавме натпревар, сојузот не сакаше да го одложи тој меч и тој мораше да брани. Сега одложуваат затоа што Кевин морал да пее и не можел да игра во исто време", изјави во една прилика Никлас Килинберг, фудбалерот на второлигашот Дегерфорс.

Во минатото, во музиката се пробале и Кевин Киген во 1979-та година, Глен Ходл во 1987-ма, Пол Гаскоњ во 1990-та, како и Енди Кол во 1999. година кога стана европски шампион со Манчестер Јунајтед. Кај нас во 1995. година, со бендот Куку Леле песна сними и Дарко Панчев, но таа тема не ја отворивме во интервјуто, има спот за тоа.

Дарко Панчев и Куку Леле

Победникот на шведскиот Идол лани, капитенот на Ѓургарден

Енди Кол рапува

Матеја Кежман и Зорана Павиќ

Кевин Киген и класика в жанра

Расниот стрелец на Арсенал Јан Рајт

 

Пол Гаскоњ од посреќните времиња

Кајзер Франц Бекенбауер

 

2 декември 2014 - 15:39