ТРАНСМЕТ без концентрација во финишот против ЕЛЕМ

Во последниот ден од деветтото коло во Бизнис лигата Sparkasse со пресврт во второто полувреме го порази Eurolink, а АрцелорМитал и СЦ Борис Трајковски одиграа без победник.

Љубомир Таневски за победа на Шпаркасе над Еуролинк

Еуролинк 6-7 (4-2)Sparkasse
Еуролинк: Александар Трпковски 8’, 40’, Јовче Зузаровски 12’, 18’, 38’, Александар Илиевски 14’
Шпаркасе: Стојанчо Јосифоски 6’, 24’, 40’, Иван Стојановиќ 17’, Филип Чижбановски 26’, 30’, Љубомир Таневски 40’

Натпреварот го отвори екипата на Шпаркасе, постигна погодок во раната фаза од натпреварот, за само неколку минути целосно Еуролинк да ја преземе контролата врз натпреварот играјќи одличен фудбал преку кој заминаа на полувремето со убедливо водство од 4-2. Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма. На почетокот Шпаркасе потполно се врати во натпреварот и дојде до водство за да пред самиот крај влеземе во инфаркт завршница во која и двете екипи се менуваа во водството. На крајот Шпаркасе преку Љубомир Таневски на само 7’’ пред крајот издвојува минимум победа од 6-7.

ТРАНСМЕТ без концентрација во финишот против ЕЛЕМ

ТРАНСМЕТ 1-3 (1-1) ЕЛЕМ
ТРАНСМЕТ: Марјан Талески 11’
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 7’, Ристо Стефановски 36’, 38’

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на ТРАНСМЕТ и ЕЛЕМ. И двете екипи демонстираа одличен фудбал со доста цврста одбрана која не дозволуваше отворени шутеви кон противничкиот гол. И двете екипи искористија по една од шансите за гол, па на полувремето се отиде нерешено 1-1. Во второто полувреме и двете екипи почнаа во ист ритам се до последните минути од натпреварот кога екипата на ТРАНСМЕТ не беше доволно сконцентрирана, па дозволи ЕЛЕМ да постигне 2 гола и ја однесе победата од 1-3.

АрцелорМитал и СЦ Борис Трајковски ги поделија бодовите

АрцелорМитал 3-3 (0-0) СЦ Борис Трајковски
АрцелорМитал: Љупчо Шегмановиќ 25’, Игор Мирчевски 26’, Александар Зотиќ 33’
СЦ Борис Трајковски: Дамјан Силјановски 30’, Влахо Костов 32’, Јован Димовски 34’

Прво полувреме во кое целосно беше ставен акцент на одбраната на двете страни, што може да се забележи по резултатот на полувремето 0-0. Во второто полувреме и двете екипи играа израмнет натпревар во игра гол за гол. Ниедна од екипите не подлегна на притисокот, па така ги поделија бодовите (3-3).

4 декември 2014 - 10:00