Минатата година беше историска за Реал Мадрид, кој по цели 12 години стигна до нова титула во Лигата на шампионите. За тој подвиг управата и претседателот Флорентино Перез им ги освежиле банкарските сметки, а на сите фудбалери им следувал и по еден часовник Панераи Радиомир.
Часовник добил секој фудбалер кој беше лани во составот, а неговата вредноста изнесува 30.000 евра. Истиот има 13 карати злато, а на задниот дел со кристален сафир е испишано името на секој играч и пехарот од ЛШ 2014. Со овој потег уште еднаш се потврдија зборовите на Кристијано Роналдо, кој вчера изјави дека никаде видел така добра атмосфера како во соблекувалните на Реал Мадрид.
Во меѓувреме, шпанскиот клуб во Арсенал доби конкуренција за фантастичниот играч за врска од Крузеиро, Лукас Силва (21). Силва викендов ја освои титулата во Бразилеирао првенството, по што му требало нов предизвик. Арсен Венгер веќе пратил скаути да разговараат со играчот, а Реал Мадрид е спремен да понуди 12 милиони евра за плејмејкерот.