Граѓаните без право на грешка, Ди Матео против своите за пласман

Вечерва се игра петтото, претпоследно коло од групната фаза во Лигата на шампионите по што ќе се знае кој оди понатаму, кој продолжува во ЛЕ, а кој ќе игра само домашно првенство. Агим Ибраими веројатно ќе биде на клупата за резерви.

МАНЧЕСТЕР СИТИ - БАЕРН МИНХЕН 20:45

- Баварците лесно славеа 3:1 минатата година на Етихад, а дополнителен проблем за англискиот шампион ќе биде отсуството на Фернандињо и Јаја Туре кои се суспендирани, како и на повредените Александар Коларов и Давид Силва;

- Баерн има максимален учинок во групата Е и со 12 победи првото место им е гарантирано;

- Во последните 12 месеци, двете екипи се сретнаа 4 пати. Баерн славеше на 2 средби, Сити на една, а еден натпревар заврши нерешено;

- Сити може да остане во игра за пласман понатаму само ако победи, а во случај на реми ќе им треба добри вести и од Москва, каде играат ЦСКА и Рома;

- Англискиот клуб лани се врати од 2:0 во Минхен и славеше 3:2, со што ја прекина серијата на Баерн од 10 победи по ред во ЛШ;

- На домашен терен против германските клубови, Сити има 3 победи, 2 нерешени и 1 пораз;

- Ако испадне и сезонава, тоа ќе биде трет пат од четири учества Сити да испадне уште во групата;

- Баерн Минхен загубил само еднаш на последните 13 гостувања во ЛШ;

Можни состави:

Манчестер Сити: Харт, Забалета, Компани, Демикелис, Клиши, Навас, Фернандо, Лампард, Милнер, Насри, Агуеро.

повредени и казнети: Џеко, Фернандињо, Јаја Туре, Коларов и Давид Силва.

Баерн Минхен: Нојер, Рафиња, Бенатиа, Боатенг, Бернат, Алонсо, Рибери, Геце, Милер, Робен, Левандовски.

повредени и казнети: Алаба, Бадштубер, Мартинез, Лам, Пизаро, Реина, Штарке, Тијаго Алкантара, Боатенг.

ШАЛКЕ - ЧЕЛСИ 20:45

- Роберто Ди Матео ќе се сретне против екипата на која и донесе пехар од ЛШ во 2012. година;

- Под водство на Ди Матео Шалке победи на 4, а загуби на 3 натпревари досега сезонава. По отказот во Челси, работата во Шалке е прва за Ди Матео од 2012. година;

- Челси е непоразен на 18 натпревари сезонава, на кои победи на дури 14;

- Англискиот е прв во групата и ќе се пласира понатаму ако победи или со било кое реми со 2 или повеќе постигнати гола;

- Челси и Шалке играа и лани во група од ЛШ, а тогаш

сините славеа 3:0 во Германија и 1:0 во Лондон;

- Шалке победил на 10 од последните 20 натпревари во Европа на домашен терен, 5 пати ремизирал и 5 пати загубил;

- После поразот 4:2 во Лисабон, Шалке на Спортинг му бега само еден бод;

- Тимот од Гелзенкирхен против англиските клубови има 3 победи, 2 нерешени и 3 порази на домашен терен. Челси на германско тло има 9 победи, 5 нерешени и 4 порази;

Можни состави:

Шалке: Фарман, Нојштадер, Сантана, Ховедес, Учида, Фухс, Кирхоф, Боатенг, Хогер, Чупо-Мотинг, Хунтелар.

повредени и казнети: Колашинац, Дракслер, Фарфан, Обаси, Сем и Гифер.

Челси: Куртоа, Ивановиќ, Тери, Кејхил, Филипе Луис, Фабрегас, Матиќ, Ширле, Оскар, Азар, Коста.

повреден: Аке.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5 КОЛО

Група Е: ЦСКА Москва - Рома, Манчестер - Сити - Баерн 

Група Ф: АПОЕЛ - Барселона, ПСЖ - Ајакс 

Група Г: Шалке - Челси, Спортинг - Марибор 

Група Х: Бате Борисов - Порто, Шахтјор Донецк - Атлетик Билбао