На ранг листата на ФИФА пред нашата репрезентација се наоѓаат: Кенија, Палестина, Северна Кореја, Кувајт, Мадагаскар, Централо Африканска република, Намибија, Бахреин, Сирија, Свети Винцент и Гренадини, Сиера Леоне...
Македонската фудбалска репрезентација остана со 311 бодови, но забележа скок од две места на ранг листата на ФИФА поради падот на други две репрезентации.
Во вечерашните натпревари од четвртото коло, хелените стигнаа до четвртата победа во низа, додека Кореа го претрпе четвртиот пораз, од Литванија која стигна и да постави рекорд на Светските првенства.
Кошаркарите на Иран, Порторико и Нов Зеланд ги остварија првите победи на првенството, а Турција подобра од Финска по продолженијата. Триумфи остварија уште и Словенија, Австралија, Бразил и Аргентина.
Затворањето на третото коло на СП во Шпанија донесе и нови изненадувањa, откако Украина ја совлада Турција 64:58 а Литванија загуби од Австралија 82:75. Очекувањата ги исполнија Мексико и САД во дуелите против Ангола, односно Нов Зеланд.
Февруарското доделување на вајлд карти за учество на Мундијалот предизвика бурни дебати во кошаркарската јавност, а скандинавската селекција на необичен начин обезбеди учество на првенството во Шпанија.
Селекциите на САД, Шпанија, Грција и Литванија триумфално го затворија вториот ден од натпреварувањата по групи на СП во Шпанија. Нивни „жртви“ вечерва беа Турција, Египет, Филипини и Ангола.
Во попладневните натпревари од второто коло на Мундијалот, „триколорите“ ја совладаа Србија со кош на Ловерњ во последната секунда. По дебаклот од САД синоќа, Финска неочекувано ја победи Украина. Нови бодови запишаа Словенија и Бразил, а Сенегал стигна до првата победа на Светското првенство.
Во натпревар кој за малку ќе донесеше сензација на отворањето на Мундијалот во Шпанија, „коцкестите“ по продолженијата славеа над Филипини. Турција со серија од 15:0 во последната четвртина го скрши отпорот на Нов Зеланд. Од фаворитите славеа уште и Србија и Украина против Египет, односно Доминиканска република.