По вчерашната прва рунда од третото коло, во која единствено Сенегал направи сензација со победата над Хрватска, денес изненадувања имаше во двете преостанати групи Ц и Д.
Најпрвин Украина им направи проблем на прогнозерите, со победата над Турција која не беше во рангот на онаа сенегалската, но доволна да им обезбеди на Украинците пласман во следната фаза.
Играч на мечот беше Олександр Мишула со 19 поени, а натпреварот го обележија 10 тројки на Украинците.
Турците во финишот на дуелот делуваа збунето па освен Омер Ашик (20п 16ск) и Емир Прелџиќ (14п) немаа други расположени играчи.
По триумфот над Доминиканска Република на стартот, па поразот од Финска во второто коло, Украинците со денешната победа ѝ го закомпликуваа на Турција патот кон Мадрид.
Против Финска (среда 17:30) и Доминиканска Република (четврток, 21.30), избраниците на Ергин Атаман ќе бараат понатамошен пласман.
Второто изненадување го приреди Австралија која што на крилата на Џош Инглс ја совлада Литванија 82:75.
Вицешампионот на Европа го отвори првенството со 2 победи (Мексико и Ангола), но загуби кога налета на посериозен противник. „Кенгурите“ уште во првиот дел стекнаа предност која што до крајот успеаа да ја одбраната.
Неочекувано, Литванците во еден момент губеа дури со 18 поени разлика, но Реналдас Сејбутис со 21 поен се погрижи за понеизвесен финиш на мечот.
Според планот оди САД, кој по почетните 2 триумфа над Финска и Турција, Американците денес го преслушаа и Нов Зеланд 98:71. Пред почетокот на мечот, играчите на Нов Зеланд ја изведоа традиционалната Хака, на која најмногу ѝ се начудија Џејмс Харден и Дерик Роуз.
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО (вторник): Украина - Турција 64:58, САД - Нов Зеланд 17.30, Финска - Доминиканска Република 21.30;
ТАБЕЛА ГРУПА Ц: Украина 2-1, САД 2-0, Турција 1-2, Доминиканска Република 1-1, Финска 1-1, Нов Зеланд 0-2.
ПАРОВИ 4. КОЛО (среда): Украина - Нов Зеланд (15:00), Турција - Финска (17.30), Доминиканска Република - Сад (21.30)
ПАРОВИ 5. КОЛО (четврток): Финска - Нов Зеланд (12.30), , Украина - САД (17.30), Турција - Доминиканска Република (21.30);
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО (вторник): Ангола - Мексико 55:79, Австралија - Литванија 82:75, Кореја - Словенија 72:89
ТАБЕЛА ГРУПА Д: Словенија 3-0, Австралија 2-1, Литванија 2-1, , Мексико 1-2, Ангола 1-2, Јужна Кореја 0-3;
ПАРОВИ 4. КОЛО (среда): Мексико - Австралија 12.30, Словенија - Ангола 16.30, Литванија - Кореја 19.00,
ПАРОВИ 5.КОЛО (четврток): Австралија - Ангола 12.30, Кореја - Мексико 16.30, Литванија - Словенија 20.30.