Македонија зад Барбуда, Танзанија и Фарски острови

Македонската фудбалска репрезентација бележи нов пад на најновата ранг листа на ФИФА.

Според најновото рангирање нашиот национален тим падна за четири позиции и сега е на 108 позиција во светот. Подобри од нас се земји од калибарот на Доминиканска република, Боцвана и Фарски острови.

Селекцијата на Белорусија со која ќе се сретнеме на „Филип Втори“ на 27 март има напредок од три позиции и сега е на 98 позиција, а од нашата квалификациска група за ЕП 2016 најслаб и натаму е Луксембург на 136. место.

Од останатите противници Шпанија падна едно место и сега е 11-та, Украина се наоѓа на 31 место, а Словачка е 22-ра.

Прв на ранг листата е Светскиот шампион Германија, втора е Аргентина, трета Колумбија, а во топ 10 се уште и Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Уругвај и Италија.