Бразил убедлив, Франција до првата победа

Во попладневните натпревари од второто коло на Мундијалот, „триколорите“ ја совладаа Србија со кош на Ловерњ во последната секунда. По дебаклот од САД синоќа, Финска неочекувано ја победи Украина. Нови бодови запишаа Словенија и Бразил, а Сенегал стигна до првата победа на Светското првенство.

Второ коло Група А, резултати:

Србија - Франција 73 : 74
/Радуљица 21 п 7 ск, Богдановиќ 13 п 3 ск - Ловерњ 19 п. 6 ск, Дијао 15 п 4 ск/

Бразил - Иран 79 : 50
/Алекс Гарсија 12 п 3 ск, Сплитер 12 п - Јамшиди 13 п/

Шпанија - Египет 22:00 

ТАБЕЛА: Бразил 2-0, Франција 1-1, Србија 1-1, Шпанија 1-0, Египет 0-1, Иран 0-2;

Второ коло Група Б, резултати: 

Аргентина - Хрватска 85 : 90

Сенгал - Порторико 82 : 75
/Фаје 20, Диенг 18 п 13 ск - Балкман 21, Бареа 15/

Филипини - Грција 20:30

ТАБЕЛА: Хрватска 2-0, Аргентина 1-1, Сенегал 1-1, Грција 1-0, Филипини 1-0, Порторико 0-2;

Второ коло Група Ц, резултати:

Финска - Украина 81 -76
/Шон Хаф 23 п 8 ск, Копонен 14 п 9 ас - Џетер 24 п, 9 ас, 5 ск, Пустозвонов 15 п/

Доминиканска Република - Нов Зеланд 76 - 63

Турција - САД 21:30

ТАБЕЛА: Украина 1-1, Финска 1-1, Доминиканска Република 1-1, Tурција 1-0,  САД 1-0, Нов Зеланд 0-2;

 

Второ коло Група Д резултати:

Словенија - Мексико 89 - 68
/З. Драгиќ 22 п 3 ск., Горан Драгиќ 18 п 6 ас/

Јужна Кореја - Австралија 55 - 89
/Таесул Ким 13 п - Инглс 17 п, Бејнс 13 п, Берстоу 13 п/

Литванија - Ангола 20:30

ТАБЕЛА: Словенија 2-0, Австралија 1-1, Литванија 1-0, Ангола 1-0, Јужна Кореја 0-2 Мексико 0-2.

31 август 2014 - 20:37