Иако во вторникот остварија важна победа против Турција, кошаркарите на Украина денес го потценија Нов Зеланд, кој ги задржа шансите за пласман во втората фаза.
До победата од 73:61, Нов Зеланд стигна благодарение на Кирк Пени кој уфрли 17 поени, а имаше и 7 скока. Дабл даб учинок имаше Исак Фоту со 10 коша и 10 скока.
Турција успеа да се избори со Финска и полната сала противнички навивачи и дури после продолженијата славеше 77:73.
Прва победа на првенството забележа и Иран, откако го совлада Египет 88:73, а нешто подоцна Аргентина го декласираше Сенегал 81:46.
Бразил успеа да ја скроти Србија, која во третата четвртина се врати од 18 поени негатива, а во еден момент и да поведе со 7 поени разлика.
Словенија очекувано подобра од Ангола, 93:87.
За комлпетен извештај од резултатите и групите после 4.коло, клик тука.