Актуелниот кошаркарски европски шампион предводен од маестралниот Перо Антиќ кој постигна 13 поени, убедливо со 69:52 ја растури ЦСКА во фајнфорот во Лондон. Олимпијакос во финалето ќе го чека победникот од средбата Барселона-Реал Мадрид.
Навивачите на Вест Бромвич Албион очигледно дека го загубија осетот со парите. Вчерашните цени за последниот натпревар на Фергсуон од 3000 фунти веќе не важат, затоа што во препродажба, денеска се појавија нови суми кои не се забележани на црниот пазар ниту за едно финале од Лига на шампиони.
Ана Џарвис на почетокот од 20-от век ја продолжува 30-годишната работа на својата мајка и успева во 1908-та да го постави Денот на мајката како празник. Неполни 15 години подоцна, Џарвис е против сите што го слават празникот.
Челниците на Шалке беа пресреќни по обновувањето на договорот со нивниот фудбалер Јулијан Дракслер па се пофалија со билборди на камиони кои кружеа околу стадионот на најголемиот ривал.
Како ретко кога Онион, сајтот за сатира и пародии, со комплетна сериозност детално ја објави процедурата како им беше хакната Твитер сметката. Во основа останува тоа дека вие сте најслабата точка во безбедноста на вашите лозинки.
Бизнисменот - и многу близок пријател на семејството Гадафи - кој во 2007-ма беше обвинет дека за време на Канскиот фестивал ги преплавува хотелите и јахтите со проститутки, раскажува за тајните на ескортите од Кан.
Анкета на муслиманите низ целиот свет, проверува какви се нивните ставови за повеќе работи, меѓу кои и за местото на жената во општеството. На крај, ставовите во најголем дел се дефинирани од тоа каде (географски) се наоѓаат.
Без разлика како мислите дека ЦИА изгледа во Zero Dark Thirty, впечатокот веројатно би бил далеку полош ако агенцијата директно не се вмешала во правењето на филмот.
Пред 7.000 години луѓето почнуваат да живеат во урбани населби. Како што еволуирале луѓето низ милениумите, така еволуирале и градовите. Ова не е завршено, градовите ќе продолжат да еволуираат, само наместо кулите од стакло и челик, поверојатно е дека тие ќе наликуваат Мачу Пикчу.
Судија донесува една од најлегендарните пресуди против една адвокатска компанија од Чикаго која тврди дека се бори против пиратеријата, а во основа изнудува милиони долари од луѓе кои гледале порно видеа.
Двајца пријатели се возеле со такси. На излегување едниот од нив го поздравил таксистот и му посакал убав ден, заблагодарувајќи му на пријатното возење.
Ако им се верува на коефициентите кои беа намалени откако огромни суми на пари беа уплатени во кладилниците, наследник на Алекс Фергусон на кормилото на Манчестер Јунајтед ќе биде менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс.
Услужната економија во последните години се повеќе се шири на животни области во кои некогаш преовладуваа неформални облици на помош и совети од членовите на семејствата.
Љубовта кон својот клуб се докажува и со бодрење на гостувањата, а верноста нема граници кога на стотици километри од дома сте единствен навивач на гостинската трибина. По навивачот на Бромапојкарна, викендов тоа го сторија и руски и италијански навивачи.
За време на велигденските празници, обложувачите во Спортлајф најмногу се израдуваа на победите на Арсенал, Валенсија и Марсеј, а ливчиња кинеа на германското дерби каде очекуваа повеќе погодоци, како и на киксот на Фиорентина на домашен терен.
Во исто време и двете компании сакаа да го купат Инстаграм. Фејсбук даваше 1 милијарда, Твитер 520 милиони. Крајниот исход (иако така изгледа) нема никаква врска со парите.
Минатата недела еден американски државјанин беше осуден на 15 години тешка робија во Северна Кореја. Казна што тука е многу поразлична отколку во остатокот од светот.
Хедер Дуи-Хагборг е таканаречен „информациски уметник", таа создава уметност која отсликува различни типови истражувачки резултати. Еден од нејзините проекти - правење портрети врз основа на ДНК анализа на влакна и исплукани мастики за џвакање.