Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 250гр. мелено пилешко
- 2 чешниња лук, сецкани
- сол и бибер
- листови тесто за лазањи
- 1 лажица маслиново масло
- 200гр. шампињони, исечени на листови
- 2 главици кромид, ситно сецкан
- 300мл. хопла
- 1 главица млад кромид, ситно сецкан
Подготовка
Загрејте тенџере вода на силен оган. Кога ќе зоврие спуштете ги листовите за лазањи и варете ги 30 секнуди. Потоа вадете ги на кујнска крпа да се исцедат.
Сечете ги со остар нож на коцки од околу 10см. За овој рецепт ќе ви требаат 20 парчиња.
Во длабок сад добро измешајте го меленото пилешко со сецканиот лук и сол и бибер. Со лажица ставете од смесата во едно парче тесто. Замотајте го и добро притиснете ги рабовите за да се залепат. Повторете ја постапката со остатокот од месото.
Загрејте масло во длабока тава на среден оган. Пржете ги печурките и кромидот 5-7 минути. Додадете ја хоплата и мешајте додека да зоврие. По 1 минута одстранете ги од оган.
Зовријте вода во длабоко тенџере.Варете ги равиолите 7-8 минути. Потоа исцедете ги од водата.
Додадете ги сварените равиоли во приготвениот сос од печурки. Вратете ги на рингла и гответе ги уште 2 минути.
Послужете ги равиолите со ситно сецкан млад кромид.