Натпреварот почна во знакот на Русите кои поведоа први и остварија водство од 5:2, а потоа и од 8:4, но кошаркарите на Олимпијакос за две минути возвратија со серија од 8:2 и ја превземаа предноста. Од тој момент се играше израмнета кошарка се до последните 90 секунди од првата четвртина кога актуелниот европски шампион успеа да постигне две тројки и направи предност од 24:17.
Во вториот период кошаркарите на ЦСКА имаа огромен пад во играта и никако не успеаа да фатат ритам. По само 2 минути игра Антиќ погоди тројка за предност од 9 поени разлика која потоа изнесуваше и +13. ЦСКА имаше слаб шут од поле 5/13 и очајна реализација од слободни фрлања од само 30%. Олимпијакос тоа одлично го искористи и на пауза замина со предност од 40:28.
Русите делува изгубено и на стартот на второто полувреме, а по 3 минути игра Олимпијакос постигна 5 поени и го оствари највисокото водство од 17 коша разлика. Кризата на ЦСКА продолжи во третата четвртина во која не успеа да забележи ниту еден поен од игра. Сите 8 коша руските кошаркари ги постигнаа од слободни фрлања.
Антиќ на 28 секунди до крајот ја запали мрежичката и ја постигна и втората тројка, а во последната секунда изнуди фаул од кои успеа да го искористи едното слободно фрлање по што резултатот на крајот од третиот период изнесуваше 53:36.
По очајните 2 четвртини на ЦСКА, последните 10 минути од натпреварот веќе претставуваше формалност. Олимпијакос продолжи со доминацијата и не дозволи никако изненадување, а ниту топење на високата предност.
Перо Антиќ за 22 минути поминати на паркетот заедно со Кајл Хајнс беа најзаслужни за триумфот со по 13 постигнати поени.