Барселона со победата над Милан и Атлетико Мадрид со триумфот над Австрија Виена го добија визите за осминафиналето во Лигата на шампиони. Арсенал изненади на гостувањето во Германија, Пандев одигра 66 минути во победата над Марсеј, а Георгиевски го одигра целиот натпревар во ремито кај Базел.
Баерн Минхен и Манчестер Сити се првите осминафиналисти во ЛШ, а со нерешените 2:2 против Јувентус друштво им прави и Реал Мадрид. Изненадување на колото е нерешениот резултат на аутсајдерот Андерлехт против ПСЖ, а неочекувано со пораз од гостувањето во Копенхаген си замина тимот на Манчини.
Се оствари сонот на играчите од еден мал фудбалски клуб од англиско селце. Шортвуд Јунајтед составен од манекени, студенти, молери и водоводџии, за прв пат во историјата се пласираше во првото коло на ФА Купот.
Само нешто повеќе од два месеци беа доволни Наполитанците "да побудалат" по новиот стратег кој не се прослави во Интер, но со вториот италијански тим тој викендов го одбележа најдобриот старт во историјата на клубот.
Нешто слично како голчиштето од Азија, се случи и во МЛС каде фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Шон Френклин на најдобар можен начин ги постави конечните 1:0 против Реал Солт Лејк.
Еден од најдобрите голови овој викенд беше постигнат во англиската трета лига, а мајсторот е Џо Џејкобсон од Шрусбери Таун кој ја скина мрежата на Шефилд Јунајтед со проектил од 30 метри.
Перо Антиќ ги постигна првите поени на официјален натпревар во НБА. Првиот Македонец во ова натпреварување имаше учинок од пет поени во првата победа на Атланта Хокс оваа сезона, совладувајќи го Торонто со 102:95.
Ок е денешниот ден затоа што веројатно ви стигнала платата и сега правите планови какви ќејфови да терате викендов. Најлесно тоа ќе го испланира Коби Брајант затоа што денеска му легнаа на сметка скромни 24 милиони долари.
Фудбалерите на Рома имаат многу причини за славје. Не само што по подолго време се неприкосновени лидери во Серија А, туку и го срушија рекордот на Јувентус со 10 победи на почетните 10 натпревари.
Босанците исто како и нас не можат да се пофалат со некоја силна и квалитетна фудбалска лига, но додека во македонското првенство градските дербија се играат среде бел ден со скромна навивачка атмосфера и неколку стотици гледачи, таму таквите натпревари се рамни на религија.
Го дочекавме и тој ден. Македонија и официјално стана дел од НБА лигата преку Перо Антиќ кој ги одигра првите осум минути за кои остана без поени при поразот на Атланта на гостувањето кај Далас.
Рикардо Кака уште еднаш покажа дека е голем мајстор. Тој го постигна својот прв гол по враќањето во Милан и тоа не обичен гол, туку вистинско ремек дело. Сепак неговиот гол не беше доволен за победа на Милан и неговиот тим одигра 1:1 против Лацио.
До стартот на 22 издание на Зимските олимписки игри во Русија има уште нешто повеќе од три месеци, а доказ за прогресот на најскапата Олимпијада во историјата која ќе чини 51 милијарда долари се новите модерни спортски комплекси.
Средниот дел од табелата во Серија А воопшто не му прилега на клуб како Милан кој е еден од најтрофејните во Италија. Но на слабите резултати им претходат внатрешни проблеми и поделби на табори, од едната страна ќерката на Берлускони, од другата потретседателот Адријано Галијани.
Еден Азар, Ромелу Лукаку, Симон Мињоле и Насер Чадли им помагаа на среќни навивачи како дел од акцијата на Фудбалската федерација на Белгија за приближување на репрезентацијата и фановите.
Фудбалската династија Зидан се чини дека нема крај. Откако по стапките на својот татко тргнаа тројца негови деца, академијата во Реал се прошири со уште еден млад член од семејството на славниот татко кој во моментов му е асистент на Карло Анчелоти.
Понесени од редовните акробации на многу фудбалери, неодамна направивме листа на најдобри голови со ножички. Но изгледа дека ќе треба почесто да ја прошируваме. Вчера имавме бразилски мајстор во Хонг Конг, а најновата атракција е дело на Франк Џа Џеџе од Брегот на Слоновата Коска кој погоди за украински Черноморец.
Ако денот по утрото се познава, тогаш ни претстои многу интересна НБА сезона не само заради возбудливите натпревари, туку и заради забавните моменти кои се неизбежен дел од овој кошаркарски циркус. Ова се најинтересните моменти од НБА претсезоната.
Започна 68-та сезона во НБА лигата. Кошаркарите на Мајами Хит ги добија шампионските прстени и му го расипаа враќањето Роуз. Резервите на Лејкерси го добија градското дерби против Клиперс, а Индијана го совлада Орландо.