Репрезентацијата на Белгија ги освои срцата на љубителите на фудбалот од оваа поделена земја со доминацијата во квалификациите и пласманот на Светското првенство.
Но Фудбалската федерација на Белгија одлично си ја врши својата работа при привлекувањето на уште поголема поддршка и направи акција со која дополнително ги зближи навивачите и репрезентативците.
Како дел од оваа акција, четворката белгиски репрезентативци од англиската Премиер лига, Еден Азар, Ромелу Лукаку, Симон Мињоле и Насер Чадли, изненадија неколку среќни навивачи на кои им помагаа при вршење на нивните секојдневни активности.