Главната спортска арена на игрите е Олимпискиот стадион Фишт каде ќе се одржи церемонијалното отворање и затворање на Олимпијадата и Параолимпијадата. Изградбата чини 603 милиони долари и има капацитет од 40.000 седишта.
Прекрасниот Ајсберг Скатинг Палас ќе биде домаќин на дисциплината брзо лизгање на кратки патеки. Стадионот е наменет за 12.000 гледачи, а по завршвањето на игрите ќе може да се демонтира и да се пренесе во било кој друг град во Русија.
Адлер Арената е дело на италијанскиот архитект Ѕопини. Има капацитет од 8.000 седишта а ќе се користи за уметничко лизгање.
Италијанско дело е и ова спортско здание каде ќе се одвиваат трките во брзо лизгање. Спортскиот комплекс ќе се користи и во иднина за разни спортски и рекреативни настани.
Шаиба Арената е наменета за хокеј и собира 7.000 гледачи. По завршувањето на Олимпијадата ќе се демонтира и ќе се користи во некој друг руски град.
Болшој Ајс Дом ќе биде исто така наменета за хокеј, а по завршувањето на игрите ќе се користи за разни спортски манифестации. Капацитетот на арената е со 12.000 седишта.
Центарот Ајс Кјуб ќе биде место за Керлинг, а собира 3.000 гледачи. И оваа сала ќе биде демонтирана, а потоа користена во други градови.