„Она што беше навистина шокантно беше тоа што судиите не покажаа никаква дилема околу тоа што го испраќаат Џулијан во неговата смрт. Кој од нас е подготвен да се спротивстави наместо да остане набљудувач на една ваква епска травестија“, прашува Џон Пилгер.
Да беше тој кинески новинар и издавач, гарант ќе станеше Нобеловец и икона на борбата за човекови и медиумски права. Ама не е, па му се закануваат 175 години американска робија. Екстрадицијата на Асанж во САД ќе биде многу црн ден за новинарството, само уште малку повеќе новинари да го сфаќаа тоа.
Британскиот суд ја собори првостепената одлука и пресуди дека основачот на Викиликс смее да биде екстрадиран во САД каде ќе биде суден (и речиси сигурно осуден) за шпионажа. Одбраната на Асанж има право на жалба.
Бидејќи сите се упорно изненадени како тоа Талибанците го освоија Авганистан ко да е Луна парк, и како и покрај милијарди долари истурени во земјата, пак никој не ги сака Американците, Викиликс извади топ 10 тајни документи од инвазијата на Авганистан што ги има објавувано изминативе години. И има што да се види, и што било игнорирано или заташкано.
Неплатени такси кон државата и проблеми со документите за натурализација се наведени како основа по која основачот на Викиликс остана без еквадорско државјанство.
Минатиот месец, клучен сведок против Асанж призна дека неговото сведоштво е лажно. Ова е дополнителен доказ дека случајот нема каква било врска со правдата - туку е создаден за да се замолчат критички настроените новинари.
Закерберг „еден од најмоќните идиоти во светот“, по зборовите на фронтменот на Пинк Флојд, нема да може да користи песни од групата за рекламирање на Инстаграм.
Оние кои порано се бореа против непотребно и прекумерно следење и шпионирање на своите сограѓани, за многу кратко време станаа промотори на кодошлук. Угледни медиумски аутлети сега промовираат новинарство кое се спроведува во соработка со разузнавачките и шпионски служби.
Мала, неизбрана група на директори на моќни гиганти, со секири влегуваат во просторот на слободниот говор и мисла а чирлидерки се прогресивни политичари. Што може да тргне наопаку?
Бижутериски активизам, вооружено незнаење, лов на вештерки, напувано морализирање. Зачната во некогашниот „прогон на Црвените“ кога во име на антикомунизмот беа „откажани“ илјадници луѓе, „кансел културата“ служи за да ги одврати луѓето од согледување на вистинските системски проблеми. Наместо тоа, да се занимаваат со банални политички некоректности.
Пратеничка нa Европскиот парламент озбилно запука по лицемерието на овој храм на демократијата и чувар на човековите права во кој деновиве не може доволно да се оплака судбината на Алексеј Навални ама затоа со години не смее да му се спомне името на Џулиен Асанж. За иронијата да биде на најјако, на овој нејзин говор, Твитер му залепи етикета дека е „сензитивна содржина“.
Основачот на Викиликс не влезе ни во последната листа на помилувања која Доналд Трамп ја достави за извршување пред да ја напушти функцијаta. Помилувани се советници, донатори, рапери, но не и Џулијан Асанж. Помилување не доби ни нашиот Тајгер Кинг.
Трамп се покажа како кукавица а неговите приврзаници, ако навистина им е до каузата, би требалко да гласаат за Сандерс, оценува словенечкиот филозоф. „Да се надеваме дека она што се случи на шести јануари во Вашингтон ќе стави крај барем на бесрамното испраќање американски набљудувачи на избори во други земји за да ја оценуваат нивната правичност“, порачува Славој Жижек.
Се очекува ќе биде поднесена жалба по одлуката, но за сега останува дека Асанж нема да може да биде екстрадиран во Соединетите држави каде го чекаат за да му се суди за шпионажа и хакирање на владини компјутери.
Одлуката за екстрадиција на Асанж во САД е првата работа што судот во Лондон ќе ја направи во 2021, и доколку екстрадицијата се оствари процената е дека тоа би било еднакво на потпишување смртна казна за основачот на Викиликс.
Британски судија денес им нареди на Мајкл Мур и остатокот од групата која финансиски ја поддржа кауцијата за Асанж, да платат уште 150.000 долари откако основачот на Викиликс уште еднаш не се појави пред судот.
Додека човекот зад Викиликс чека во амбасадата во Лондон, околу него се развиваат цела серија митови за тоа што и како би можело да го снајде по правна основа.
Ситуацијата со Асанж е следна: човекот е во амбасадата на Еквадор во Лондон и некако треба да стигне до Еквадор без да биде фатен. Тука се компликуваат сите работи.
Освен ако нема фетиш на банани, Андите или желките од Галапагос, нејасно е зошто Џулијан Асанж го одбра токму Еквадор за свое царство на слободата. Според документите од Викиликс, таа држава е полна со корупција, заплашување и репресија.
Кога на 19-ти јуни Асанж ја изгуби битката за депортирање во Шведска, прво нешто што направи е да фати џаде во амбасадата на Еквадор во Лондон. Од тогаш не е мрднат од зградата.