Во основа проблемот е што амбасадата на Еквадор е суверена територија и таму Асанж (речиси и да) не може да биде уапсен. Тој е имун на апсење и кога е во дипломатскиот автомобил на амбасадата на Еквадор. Но затоа што амбасадата нема внатрешна гаража или каков и да е начин да се стигне од амбасадата до автомобилот без да се стапне на британска почва, преселбата на Асанж во Еквадор се компликува.
Кои опции ги има Асанж
Колумнистот на ЗДНет и криминолог Зак Витакер, дава три идеи како може да се реши проблемот. Првите две му се базираат на сајла, со која под 1. би можел директно да се спушти во багажникот на дипломатскиот автомобил, или под 2. со сајла да го кренат во дипломатски хеликоптер. Третата опција според Витакер е тој да биде пренесен во огромен пакет, обележан како - дипломатска пошта.
Како што објаснува СиЕнЕн во својата анализа, Асанж нема потреба да се крие во багажникот на дипломатскиот автомобил, туку тој треба едноставно да стигне до автомобилот, па потоа во кој било негов дел тој е заштитен.
Најфилмското решение доаѓа од Редит, каде предлогот во основа е реприза на сцената со грабежот од Thomas Crown Affair. "Теоретски 100 луѓе во маски би можеле да влезат во амбасадата, и потоа заедно со Асанж (исто маскиран) да излезат од неа."