Местото каде што либерализмот доаѓа за да умре

Бижутериски активизам, вооружено незнаење, лов на вештерки, напувано морализирање. Зачната во некогашниот „прогон на Црвените“ кога во име на антикомунизмот беа „откажани“ илјадници луѓе, „кансел културата“ служи за да ги одврати луѓето од согледување на вистинските системски проблеми. Наместо тоа, да се занимаваат со банални политички некоректности.

„Културата за откажување“, тој лов на вештерки од самоименувани морални арбитри на говорот, стана бижутериски активизам на либералната класа која нема ни храброст ни организациски вештини да ги предизвика вистинските центри на моќ - воено-индустрискиот комплекс, смртоносно милитаризираната полиција, затворскиот систем, Вол Стрит, Силициумската долина, разузнавачките агенции кои нè направија најшпионираната, најмониторираната и најследената популација во историјата на човештвото, индустријата за фосилни горива и политичкиот и економски систем заробен од олигархиската моќ.

Многу полесно е да им се сврти грб на овие жестоки битки за да се рушат беспомошни фигури кои прават вербални гафови, оние кои не успеваат да зборуваат на одобрениот јазик или пак не ги прифаќаат одобрените ставови на либералните елити. Овие пуритански тестови достигнаа апсурдни и самоуништувачки нивоа, како во случајот на крвожедното инквизиторство на 150 членови на „Њујорк Тајмс“, кои од раководството, кое веќе го испита и се справи со она што, во најлош случај, беше лоша проценка на новинарскиот ветеран Доналд Мекнил (пред средношколци кажал расистички термин - н.з.) бараа да го принудат да излезе од весникот, што раководството на крајот и неволно го стори.

Премногу често, мети на културата за откажување се радикали, како што се феминистките кои работат со женски шелтери, кои не примаат транс-луѓе затоа што повеќето девојки и жени во засолништата биле физички нападнати и трауматизирани од оние со машки тела. Ниту еден од критичарите на овие феминистки не поминува по десет или дванаесет часа на ден во прифатилиште за да се грижи за злоставувани девојки и жени, од кои многумина биле проституирани како деца, но затоа имаат време на долго и широко да пукаат тиради за да ги нападнат и да им го скратат финансирањето. Културата за откажување, како што вели канадската феминистка Ли Лејкмен, е „вооружено незнаење“.

Културата за откажување беше зачната во „прогонот на Црвените“ на капиталистичките елити и агенциите како што е ФБИ, за разбивање, често насилно, на радикални движења и работнички синдикати. Десетици илјади луѓе, во име на антикомунизмот, беа „откажани“ од културата. Добро финансираното лоби во Израел е велемајстор на културата за откажување, замолчувајќи ги критичарите на апартхејдот на израелската држава како антисемити. Културата за откажување ги поттикна прогоните на Џулијан Асанж, цензурата на Викиликс и алгоритмите на Силициумската долина што ги одвраќаат читателите од содржината, вклучително и од мојата содржина, критична за империјалната и корпоративната моќ.

На крајот, ова малтретирање бива искористено од платформите на социјалните медиуми, кои се интегрирани во органите на државната безбедност и надзор, не за да промовираат цивилност и учтивост, како што тврдат нивните приврзаници, туку безмилосно да ги замолчат неистомислениците, интелектуалците, уметниците и независното новинарство. Откако ќе контролирате што зборуваат луѓето, контролирате и што тие мислат.

Оваа култура на откажување е прифатена од корпоративните медиумски платформи каде, како што пишува Глен Гринвалд, „тимови на новинари во три од највлијателните корпоративни медиуми - „медиумските репортери“ на Си-Ен-Ен (Брајан Стелтер и Оливер Дарси), „единицата за дезинформации“ на НБЦ (Бен Колинс и Бренди Задрозни) и „технолошките репортери“ на Њујорк Тајмс (Мајк Исак, Кевин Рус, Шира Френкел) - најголемиот дел од своето „новинарство“ го посветуваат на пребарување на места на мрежите каде што веруваат дека се кршат правилата за говор и однесување, прво да ги означат а потоа да бараат преземање казнени мерки (забрана, цензура, регулирање на содржината, „те вика директорот“...).

Корпорациите знаат дека овие тестови за морална чистота, за нас се чист мазохизам. Тие знаат дека со тоа што ја легитимираат културата за откажување - поради оваа причина јас се спротивставив на заклучувањето на Доналд Трамп од неговиот профил на Твитер и другите социјални медиуми - тоа можат да го користат за да ги замолчат оние што ги напаѓаат и разоткриваат структурите на корпоративната моќ и империјалните злосторства. Кампањите за морален апсолутизам ги прошируваат поделбите меѓу либералите и белата работничка класа, поделби кои се клучни за одржување на моќта на корпоративните елити. Културата на откажување е сточна храна за културните војни. Антиполитиката ја претвора во политика.

Што е најважно, културата на откажување го оттргнува вниманието од далеку порегресивните институционализирани злоупотреби на моќ. Токму ова морално напувано крстоноство ја прави либералната класа толку одвратна.

Крис Хеџис

********

Види и:

Обезглавувањето на професорот е „cancel култура“ со поинакви средства

16 февруари 2021 - 10:06