Читал ли Асанж Викиликс?

Освен ако нема фетиш на банани, Андите или желките од Галапагос, нејасно е зошто Џулијан Асанж го одбра токму Еквадор за свое царство на слободата. Според документите од Викиликс, таа држава е полна со корупција, заплашување и репресија.

Првиот човек на еквадорската полиција ги злоупотребува јавните фондови, ја користи својата моќ за изнудување пари, ја штити трговијата со луѓе и ги спречува сите обиди за процесирање на корупцијата меѓу полицајците. Овие наводи се дел од документите кои Викиликс ги објави а се однесуваат на земјата во која Асанж сака да избега плашејќи се дека шведските обвиненија против него се само дел од приказната во која тој ќе заврши во САД, обвинет за велепредавство и соочен дури и со смртна казна.

Објавувањето на овие наводи резултираа со ескпресно протерување од земјата на американскиот амбасадор во Еквадор.

"На претседателот Кореа не му е важен Асанж. Важно му е само да да им се спротивстави на Американците користејќи ја својата левичарсака демагогија," вели еден од најпознатите истражувачки новинари во Еквадор. 46 годишниот Фабијан Лоза паднал во немилост на властите заради своите стории за корупцијата. Вкупно 6 телевизиски станици се затворени откако на чело на државата доаѓа Рафаел Кореа. Колега на Лоза морал да избега во Мајами за да не служи затворска казна од 3 години заради обвиненија против претседателот а двајца новинари кои објавиле книга против братот на Кореа добиле судска казна од неверојатни 8 милиони евра.

Викиликс понуди и други наводи за немоќта на еквадорските медиуми да им се спротивстават на притисоците на државните органи.

"Парадоксално е што Асанж сака да избега во земја која нејзините новинари се принудени да ја напуштаат бидејќи не можат да ја обавуваат својата работа," вели Лоза.

Протестите на домородечките Индијанци против бескрупулозното ограбување на нивната земја заради експлоатација на нафта беа угушени со брутална акција на полицијата, корупцијата е доминантен принцип во судството, владата и полицијата а 20 проценти од населението живеат под прагот на сиромаштијата.

Другото, убаво.

Еквадор е најголем светски извозник на банани (патем, во нивното производство масовно се користи детски труд), а обилни приходи носи и извозот на кокос, цвеќе, масло и шкампи. Земјата е татковина на преку 1.600 различни видови птици, 16.000 различни растенија и над 6.000 видови пеперутки.

Рај на земјата, освен за хомосексуалците за кои се наменети 200 клиника кои служат за нивно "лечење", со крајно деградирачки третмани и услови.

 

 

19 август 2012 - 21:46