Цената на билетите изнесуваше само 100 денари, за народ да се радува и за стадионот да се наполни. Но, некој се радувал и се полнел и на поинаков начин.
Заврши кратката одисеја на Вардар во Европа. Македонскиот шампион одигра без голови со Бате Борисов и по осум години остана без победа во европско натпреварување.
Вардарци од денес почнуваат да слават, а се надеваме дека славјето ќе продолжи и во среда со елиминацијата на Бате Борисов. На денешен ден во 1947-та година е формиран ФК Вардар, најпознатиот и најтрофеен македонски фудбалски клуб.
Македонскиот фудбалски шампион доколку успее да го елиминира белорускиот Бате Борисов, во третото квалификациско коло за Лигата на шампиони ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Скендербеу и Дебрецин.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб ја пропушти шансата со предност да се врати од гостувањето во Белорусија. Со неверојатен пресврт за две минути во судиското продолжение, Бате Борисов го совлада Вардар со 3:2.
Што и да правите денеска гледајте да завршите до 6. Сетете се на деновите кога со нетрпение ја чекавте секоја утакмица на Вардар. Сетете се на Данди, Динамо Букурешт, Порто... Сетете се на ЦСКА Москва, само како доказ дека чуда се случуваат. Како доказ дека Давид може да го легне Голијат.
Македонските олимпијци со нивниот пласман на едно од последните места, отсекогаш се мета на исмејување, а посебно оваа година кога Македонија праќа рекордно мал број на спортисти и тоа ниту еден со исполнета норма. Но дали некој се запрашал зошто е тоа така?
Можеби е незамисливо за Македонија и некој очекуваше фузија ала Вардар-Миравци, но во Шкотска тоа навистина се случи. Најпознатиот шкотски и најтрофеен фудбалски клуб во светот, Глазгов Ренџерс е исфрлен од Премиер лигата.
ФК Вардар го доби најнепосакуваниот противник. Во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони ќе се сретне со екипата на БАТЕ Борисов од Белорусија.
По триумфот во регионалната СЕХА лига, ракометарите на Вардар Про го победија Металург и во финалето на Купот на Македонија и го освоија трофејот од ова натпреварување по пауза од четири години.
За претстојните пријателски натпревари против Португалија и Ангола, селекторот на македонската репрезентација, Џон Тошак повика шест фудбалери од младинската репрезентација, како и најдобриот стрелец од македонската Прва лига.
Конечно повод за славје кај вардаровата армија на навивачи. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб по пауза од девет години повторно се искачи на тронот.
Тикетот на колото за овој викенд го состави еден од најталентираните млади македонски фудбалери, членот на Парма и македонската репрезентација до 21 година, Стефан Ристовски.
Од Петровец до Аеродром ми текнува на сите имиња што сум ги заборавила, на сите згради што ги немало, на сите кафичи, на сите улици кои бледо ми стојат во сеќавањата. И штом слезам од авион, мирисот. Прекрасниот мирис на дома.
Денес, може МЗТ ги има Далман, Чековски и Гечевски, ама само еден играч е најзаслужен за разбивањето на дваесет годишното проклетство. А тој играч игра не игра на терен... игра на трибина
Застапувајќи се за европски културни вредности, но и одлучно укажувајќи на местото на Србија во таа неисцрпна ризница, Демократската младина на Прокупље воочи изборите во Србија ја препева „Одата на радоста".
Големото Ел Класико дерби ќе се одигра во сабота, а во центарот на вниманието ќе биде дуелот помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои оваа сезона постигнаа 41 гол во шпанската Примера, нешто што не им успева на третина од европските клубови.
Екипата на Вардар е првиот освојувач на регионалната ракометна СЕХА лига откако во македонското финале во Загреб по одличното издание во второто полувреме го совлада Металург со 21:18.
Оваа недела за вас типува фудбалерот од средниот ред на ФК Вардар, Остоја Стјепановиќ кој со своето интернационално искуство ќе ни помогне да го составиме добитниот тикет на колото.
Младинскиот репрезентативец Јани Урдинов оваа недела ќе се обиде преку неговото интернационално искуство од Белгија и Холандија да ни помогне околу составување на тикетот на колото.
Македонскиот кошаркарски куп ќе добие нов сопственик откако актуелниот освојувач, екипата на Работнички загуби во четвртфиналето од Торус СЦБТ. Втор полуфиналист е МЗТ кој беше поуспешен од Вардар.