Како дел од подготовките пред почетокот на квалификациите за Светкското првенство во 2014-та година, македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателскит натпревари против Португалија на 26. мај во Леирија и против Ангола на 29. мај во Есторил.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација денес го објави подмладениот список на фудбалери за овие два дуели.
Помеѓу повиканите фудбалери се наоѓаат и шест члена на репрезентацијата за играчи до 21 година (Стефан Ристовски, Јани Урдинов, Стефан Спировски, Фљамур Таири, Ферхан Хасани и Самир Фазли), а конечно повикан е и најдобриот стрелец од македонската Прва лига, вардарецот Филип Ивановски.
На списокот го нема Величе Шумуликоски кој на 25. мај треба да одигра натпревар за својот тим во Кина.
Голмани: Един Нурединоски (Етникос Ахна, Кипар), Мартин Богатинов (Карпати, Украина)
Одбрана: Бобан Грнчаров (Лирс, Белгија), Даниел Георгиевски (Шибеник, Хрватска), Николче Новески (Мајнц, Германија), Ванче Шиков (Волин, Украина), Даниел Мојсов (Војводина, Србија), Стефан Ристовски (Фросиноне, Италија), Владимир Димитровски (Млада Болеслав, Чешка), Јани Урдинов (Екранес, Литванија).
Среден ред: Никола Глигоров (Алки, Кипар), Горан Попов (Динамо Киев, Украина), Мухамед Демири (Тун, Швајцарија), Марио Ѓуровски (Муангтонг, Тајланд), Стефан Спировски (Борац Чачак, Србија), Фљамур Таири (Теута, Албанија).
Напад: Ферхан Хасани (Волфсбург, Германија), Иван Тричковски (АПОЕЛ, Кипар), Самир Фазли (Херенвен, Холандија), Горан Пандев (Наполи, Италија), Филип Ивановски (Вардар), Агим Ибраими (Марибор, Словенија).