Јани Урдинов е роден на 28 март 1991-та година во Белгија и своите фудбалски почетоци ги има во младинскиот тим на Мехелен. Од таму тој се сели во младинскиот погон на холандскиот гигант ПСВ, а своето деби во холандското првенство го имаше за екипата на Рода.
На почетокот на минатата сезона потпиша за скопски Работнички, а од неодамна се пресели во првенството на Литванија каде ќе ги брани боите на Екранас.
Тикетот на Јани:
Твенте - Рода 1
Твенте ќе забележи лесна победа на овој натпревар. Рода своите поени ги освојува на домашен терен, а на гостински терен секогаш има проблеми. За сите кои играат во кладилница ова е најголем „кец" на колото.
Утрехт - Екселсиор 1
Утрехт е екипа што на сите противници им прави големи проблеми на домашен терен. Пред своите гледачи ги победија Ајакс и Феенерод, па против Екселсиор ќе забележат лесна победа затоа што тие немаат доволно квалитетна екипа за во првата лига на Холандија.
ПСВ - Венло 1-1
За овој натпревар нема потреба од коментар. Се освен лесна победа за ПСВ ќе биде огромно изненадување.
Феенорд - НАК Бреда 1
Екипата на Феенорд влезе во форма и ќе ја продолжат добрата серија и на овој натпревар.
Од Белгија би ги оздвоил натпреварите:
Тиенен - Остенде 2
Антверп - Волуве 1
а од другите европски лиги мој фикс на колото е:
Тотенхем - Свонси 1
На почетокот на овој месец се пресели во екипата на Екранас од литванското првенство кое не е многу познато за македонската јавност. Можеш ли на кратко да направиш споредба со македонскиот фудбал.
„Туку имаме одлични услови за тренинг кое се далеку подобри од условите во Македонија. Од опрема, до терени, соблекувални, сауни, фитнес центри... тука се е на високо ниво.“
„Стадионите се сите нови, а скоро на сите има и вештачка трева заради ладното време. Фудбалерите тука немаат проблеми со платите кои секогаш се редовни, а на натпреварите има и голем број гледачи. Во Македонија само Вардар има повеќе навивачи од литванските клубови.“
Кој е вашиот тикет на колото? Пишете ни во коментарите под оваа статија или на нашата Facebook фан страна.