Фудбалскиот клуб Вардар славеше на гостувањето кај Силекс во Кратово и на три кола пред крајот на јубилејната 20-та сезона ја освои шестата титула во македонското првенство.
Стрелец на двата гола за Вардар беше најдобриот реализатор во македонската лига, Филип Ивановски кој стигна до бројката од 23 погодоци оваа сезона.
На три кола пред крајот на сезоната, Вардар има девет поени предност во однос на минатогодишниот шампион Шкендија, но и подобар меѓусебен дуел, со што најтрофејниот македонски фудбалски клуб го освои трофејот и обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на шампиони.