Кој тоа правеше дупликати за Вардар?

Цената на билетите изнесуваше само 100 денари, за народ да се радува и за стадионот да се наполни. Но, некој се радувал и се полнел и на поинаков начин.

Натпреварот предизвика огромен интерес во цела Македонија и половина од картите беа продадени за само четири часа, а следниот ден веќе немаше карти за јужната и северната трибина.

Тапкароши во околината на стадионот се обидоа да профитираат со препродавање на картите за 200 до 300 денари, но дали некој се обидел и да ги фалсификува или пак се работи за грешка од страна на дистрибутерот на картите?

Неколку седишта од националната арена Филип II за време на натпреварот помеѓу Вардар и БАТЕ Борисов останаа празни, но од фотографијата која ни ја испрати читател може да се види дека на некои требаше да седат и по двајца.

26 јули 2012 - 11:48