Титулата од домашното првенство најверојатно ќе му припадне на Металург, но Вардар ја освои регионалната лига и македонскиот ракометен куп.
Металург во првото полувреме имаше предност од четири голови и предност од три гола на средината од второто полувреме, а во текот на целиот натпревар имаа помош и од судиите, но ни тоа не беше доволно.
Во последните 10 минути ракометарите на Вардар предводени од одличниот стратег Веселин Вујовиќ направија целосен пресврт и на крајот славеа со 26:23 за освојување на осмиот трофеј во јубилејното 20-то финале на Купот на Македонија.
Најефикасен во победничката екипа беше Марковиќ со шест погодоци, а најдобар кај Металург беше Мојсовски со осум голови.
Наградата за најдобар ракометар на завршниот турнир му припадна на Наумче Мојсовски, а најдобар голман е Дарко Станиќ.
фото: МКД.мк