Одлична ждребка за Вардар. Доколку вардарци успеат да ја надминат негативата од првиот натпревар против Бате Борисов (3:2) во третото квалификациско коло ќе се сретнат со полесен противник. Тоа е подобриот од дуелот помеѓу албанскиот клуб Скендербеу и унгарски Дебрецин.
На првиот натпревар во Албанија, Скендербеу победи со 1:0.
Доколку Вардар се пласира во третото квалификациско коло, македонскиот шампион ќе биде домаќин на првиот натпревар кој ќе се одигра на 31 јули или 1 август. Реваншот е закажан за седум дена подоцна.
Со поминување на третото коло и пласман во плеј-оф колот за пласман во Лигата на шампиони, Вардар ќе има загарантиран влез во групната фаза од Лига Европа.