Нова книга се обидува да објасни што е причината за нашите солзи и притоа комбинира биологија, поезија и историја. Сте чуле ли, на пример, за молец што пие птичји солзи?
Aко деновиве ви се случило да одбиете да се ракувате до сега веројатно ве прогласиле за арогантен или ненормален. Иако ракувањето докажано пренесува патогени, ритуалот е толку длабоко всаден, што луѓето се збунети кога остануваат без него.
„Езерото е најубавата и најекспресивната црта на пејзажот“, вели мотото на нова книга на Капка Касабова, „Кон езерото: балканско патување на војната и мирот“.
Околу 80 проценти од светот е зависник од една психоактивна супстанца, на која, бидејќи е дозволена и широко распространета, не ни гледаме како на таква. На здравје кафето!
Книгата се вика „Американско ѓубрe“ (American Dirt) и се однесува на Мексиканка која се обидува да влезе во САД со нејзиниот син. Но авторката е бела, и според дел од оние кои (бурно) реагираат, таа нема право да зборува на оваа тема, од која наводно прави „сензација“ за сопствена полза.
Во момент кога Кина го проширува карантинот кој треба да спречи експанзија на коронавирусот на 12 градови со вкупно 35 милиони жители, да погледнеме во историјата на овој феномен, и дали ваквите мерки реално помогнале во заштита на населението.
Можеби тукушто појадувате, бел леб и ајвар. Или интегрален со хумус и домати. Ако имате среќа на маса ве чекале пржени лепчиња со јогурт и сирење. Иако делува само како нешто што нè држи најадени, лебот има огромна историска и гастрополитичка улога.
Не била ни сијалицата, ни фонографот, ни подвижните слики. Најголемиот придонес кон технологијата на Едисон се состоел во новиот начин на размислување за неа.
Модерна верзија на „Преобразба“ на Кафка, која е истовремено и политичка сатира, новиот краток роман на Мекјуан под наслов „Бубашваба“ главно се однесува на Британија. Иако политиката насекаде е полна со гнасни инсекти.
Пред да се прослави со своите трилери, како „Девојката со тетоважа на змеј“, објавени постхумно, тој бил новинар и активист, кој се обидувал да посочи на опасноста од десничарскиот екстремизам и нео-нацистичките групи во Шведска.
Нова книга под наслов „Комарец: човечка историја на нашиот најсмртоносен предатор“ од Тимоти Вајнгард, тврди дека ова мало и (од човечки аспект) злобно инсектче до сега има убиено повеќе луѓе од сите војни во историјата заедно.
Имала 42 години, била трудна со четвртото дете од љубовник-поет, а за свое животно дело го прогласила преводот од латински на „Принципите“ на Њутн. Толку напорно работела, што не дочекала да го види објавено.
Од сите знаци кои асоцираат на пари, S-oт со две цртки е убедливо најпрепознатливиот. Без оглед дали светка во очите на алчните ликови од стриповите (се сеќавате на Баја Патак?), или на градите на раперите, симболот на доларот има интересна историја.
Американски скаут, ловец на бизони, шоумен, слободен масон, Бафало Бил е еден од најживописните ликови на американскиот Див запад. Неговите шоу програми на каубојски теми биле вистински хит, но не само во САД, туку и во Европа. Ништо чудно да бил и во Македонија, а тоа никаде да не е регистрирано.
Умрел во 1865, а на неговиот надгробен камен пишува „Доктор Џејмс Бери“. Бил еден од најпознатите хирурзи на викторијанска Англија. Но уште поинтересно е што Џејмс всушност бил - жена.
„Загубениот живот и скандалозната смрт на Летиција Елизабет Ландон“ е нова книга која раскажува за славна поетеса од 19 век, чиј живот криел мрачни тајни.
Ниту една друга телесна состојба - сексуална ориентација, зависност, болест - не е толку долгорочно демонизирана во западната култура како вишокот килограми. Нова книга се обидува да покаже зошто.
Еден од колумнистите кои често ги читаме во Њујоркер се вика Адам Гопник. Презимето звучи некако фино, и некако руски. Второто е точно, но првото не е.
Утрински сурфајќи по телевизиските канали за расонување, во кадар ни прелета Дејвид Атенборо и неколку интересни клучни зборови: биолог, жаби, самоубиство. Не бевме раат дур не прочепкавме за што станува збор.
Mинатата година излегоа ни помалку ни повеќе туку три книги на англиски, поврзани со еден подзаборавен полски уметник и дипломат, Јозеф Чапски (1896-1993). Неговиот живот е одлична илустрација за екстремите на европскиот 20 век.
Феноменот има име - бифазна или бимодална шема на спиење, која се задржала долго во човечката историја. Кога и зошто се случило да почнеме да спиеме цела ноќ?