Kaлигула, Нерон, други битни фаци од древната римска историја, се спомнуваат во поединечни песни и во цели концептуални албуми посветени на нив од жанрот хеви метал. Од каде оваа поврзаност?
Што значи да се биде женско? Мајка, „понежна половина“, некој кој по природата на нештата е истовремено и кршлив и грижлив? Луси Кук, авторка на нова книга за женките во животинското царство, не мисли баш така.
Нова книга покажува како источногерманската Штази формирала таен поетски кружок, обучувајќи го да пишува поезија, но и да влегува во главата на поетите-дисиденти, ловејќи ги можните сублиминални пораки искажани низ метафори и други форми на фигуративно изразување.
Новиот филм на мексиканскиот режисер со Бредли Купер, Кејт Бланшет и Руни Мара црпи од два извора: крими роман од 1946 и првиот филм снимен според неа од 1947. Вистинските кошмари на авторот на книгата се убедливо преточени во „ноар“ приказна, која во реалниот живот завршила подеднакво мистериозно.
Изгледа дека нема поголема машка анксиозност од онаа поврзана со простата. Фамозната жлезда лоцирана директно под мочниот меур, вообичаено е на маргините на дискусиите за машкото здравје. Но таа е многу повеќе од медицинско прашање, бидејќи влијае врз тоа како ја разбираме машкоста, стареењето и сексуалноста.
Нова книга, мешавина на историски податоци и медицински совети, тврди дека понекогаш тешкиот процес на заздравувањето е дел од она што нè прави луѓе - тој не смее да се скратува ниту да се сили, затоа што последиците од недоволното закрепнување само ја продолжуваат и засилуваат болеста.
После „Серотонин“ од 2019, новата книга на Уелбек која излезе на француски на 7 јануари се вика „Уништи“. Во неа многумина препознаваат француски и европски политички фигури, меѓу кои и актуелниот претседателски кандидат, десничарот Ерик Земур.
Историчарите кои се занимаваат со средниот век знаат дека истражуваат период кој е погрешно разбран и кој се користел (а можеби и уште се користи) за оправдување на однесувањата на некои од најлошите луѓе во историјата. Овој факт за нив е извор на бескрајна фрустрација, бидејќи за нив средниот век е комплексен, интересен и влијателен.
Нова книга е опишана како провокативна историја на случаи кога луѓе (главно мажи), поради склоп на околности, биле издигнати на божествен пиедестал. Преку нивните приказни таа индиректно ја истражува потребата некои помеѓу нас да се над-луѓе.
Приказната од наградуваниот бродвејски мјузикл, именуван според славниот албум на Морисет, „плаче“ за преточување во книга наменета за тинејџери. Истовремено е и можност тие да се запознаат со музичарката која направи кариера лижејќи си ги љубовните рани и зборувајќи за гневот и исцелувањето.
Роберт Џенкинс во 18 век бил капетан на британски трговски брод. Неговото уво било пресечено од војници на шпанската крајбрежна гарда. Седум години подоцна, ова послужило како причина за војна помеѓу Британија и Шпанија.
Направен врз основа на истоимена книга на Ерик Џегер од 2005, ова е филм за една историска мистерија, која не е разрешена ни по шест века: дали благородничката Маргарита де Каруж била силувана од штитоносецот Жак Ле Гри? Во средниот век единствен доказ за вистината во отсуство на сведоци била победа во вооружен дуел, на живот или смрт.
„Кожа“, нова книга на Серџо дел Молино, ја бара причината за екстремните однесувања на славни личности на место каде што никој до сега не чепнал - во болестите на нивната кожа.
Се нарекуваат „карго“ култови и се состојат од верувања на изолирани островски култури дека со изведување ритуали може да се поттикне технолошки поразвиено општество и да се добијат потребни материјални нешта кои би им го олеснило животот. „Каргото“ може да биде и во форма на мистичен бел пророк.
На латински нејзиното име е комбинација на pomum - jаболко и granatum - зрнесто. Во различни митологии таа има де исцелително дејство, де се поврзува со смртта. Еднаш е афродизијак и лек за неплодност, друг пат е контрацептив. Речиси и да нема друга овошка со толку обемен список на спротивставени значења.
Кога критичарот на Њујорк Тајмс седнал да пишува рецензија за нова книга за вештачка интелигенција, на памет му паднала интересна идеја - а што па тој да се мачи, кога за него работата може да ја заврши машина?
Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“
Според нова студија, повеќе од половината Американци мислат дека во нив чучи идеја за роман, иако никогаш не се обиделе да го напишат. Најголемиот проблем, според нив, е „писателската блокада“ или немањето слободно време. Поинтересно е што ликот што ги фасцинира и за чиј живот би пишувале е токму нивниот.
Кога е во прашање историјата на алкохолот жените се неправедно изоставени од приказната. Иако уште од времето на Кодот на Хамураби голем број општества ја ограничувале женската слобода да уживаат во пиење или да произведуваат алкохол, тие го правеле и едното и другото, а богами и многу други нешта поврзани со „огнената вода“.
На 11 ноември 1821 во Москва се раѓа благородник, чие презиме потекнува од селото Достоево, каде бил доделен имот на татко му. Несуден воен инженер, тој станува одметник, коцкар и бунтовник, се прославува како писател и филозоф, и умира како руско национално богатство, но и светски класик. Вистински достојник, на кого Македонија денес му оддава почит со серија настани и нови преводи на негови раскази.
„Рајски порти“ е книга на полски писател, објавена во 1960. Иако содржи 40.000 зборови, во целиот роман има само две реченици, речиси без интерпункција.
Нова книга на канадско-американскиот психолог Пол Блум, која излезе вчера, 2.11, тврди нешто што изгледа како парадокс - дека вистинскиот вид страдање го отвора патот до среќата. Болката може да нè дефокусира од нашите стравови и да ни помогне да се надминеме себеси. Едно од поглавјата се однесува на родителството, како на извор и на болка, и на исполнетост.
Во два тома, убаво спакувана во кутија, и скоро 1000 страници, новата книга на Пол Мекартни се состои од сите стихови на песните кои тој ги напишал во текот на самостојната кариера и со Битлси, но и приказни за секоја од нив.
Се вика Деј МекОми, прескромен човек и професионалец, кој специјализира во отворање нешта кои никој друг не може да ги отвори. Помеѓу сите предизвици во текот на неговата кариера, еден бил исклучителен, и тоа не само поради сопственикот на сефот.