Ако доволно долго се загледате во корицата на оваа книга, правите линии на орнаментот почнуваат да ви играат пред очи и да се свиваат како змиички или како тело на ориентална танчарка. Ако паузирате па го погледнете со свежи очи, таму има де ромб кој голтнал друг помал, де две половинки од квадратни лавиринти, во кои е тешко да се влезе, но веројатно уште потешко да се излезе. На трето гледање веројатно ќе видите и уште нешто - лик кој се појавува во заднината и благо се кикоти.
18 февруари 2020 - 10:03