
За да го олесни пристапот до своите изданија во кризниот период предизвикан од пандемијата, Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на својот сајт овозможува бесплатно симнување на дел од нив.
Во моментов се достапни следниве книги, во pdf формат (списокот ќе се проширува):
„Стрипоскоп: стрип приказни за градот Скопје“
(уредник Инес Црвенковска Ристеска, група автори)
„Двата света: збирка илустрации“
(уредник Инес Црвенковска Ристеска, група автори)
„Етнолошко и антрополошко проучување на дервишкиот ред Бекташи од село Канатларци, прилепско“ и „Дервишкиот ред Халвети-хајати во Охрид“ од Виктор Трајановски
Истовремено, на располагање се електронски верзии на сите броеви на меѓународното списание „ЕтноАнтропоЗум“, како и аудио фајлови на сите текстови (на македонски) од број 1-16.
Целиот каталог на изданија на ИЕА е достапен тука. Истите можат да се нарачат со достава и преку сајтот Купи книга.