Измена во закон од 2013 во Романија им овозможува на осудениците да скратат 30 денови од нивната затворска казна за секое дело кое ќе го напишат и објават. Романските тајкуни и политичари затворени за корпуција сега се фатија за пенкалата.
За Франсоза Жило се раскажува дека била толку убава, што кога Пикасо прв пат ја видел во ресторан станал и со чинија полна цреши отишол на нејзината маса. Иако била 40 години помлада од него (кога се запознале таа имала 21, тој 62), таа цела деценија била негова љубовница, муза и мајка на две нивни деца. Сега, на 93 години, има нова книга, која ги налути жените.
Оние кои со нетрпение очекуваа филм за писателот кого во некролозите по неговото самоубиство го нарекуваа „виртуоз", „граматички гение" и „манично љубопитен" ќе останат разочарани. Оние неоптoварените од ликот и делото на Валас во овој филм (можеби) ќе видат слаба варијанта на приказната за Салиери и Моцарт. Ние сме од првите.
Деспина Стратигакос е историчарка која ja интересира врската помеѓу архитектурата и моќта. Нејзината нова книга се вика „Хитлер по дома" и ја истражува архитектонската и идеолошката конструкција на „домашарската" слика за фирерот.
Дали гледањето како некој создава книжевно дело ви го расипува или ви го збогатува чувството, како да сте ѕирнале зад кулисите? Дали од страна на писателите ова е егзибиционизам, или симболички чин кој сака да укаже на фактот дека денес никој и никаде не е ненабљудуван, дури и во најинтимниот момент на создавање?
Во Франкфурт од 14-18 октомври ќе се одвива најголемиот светски трговски саем на книгата. Првите три дена од настанот се посветени исклучиво на издавачите и трговците. Еве кои договори паднаа во Франкфурт до сега и кои се другите интересни теми.
Ангус Дитон, кому вчера (вторник) му беше доделена Нобеловата за неговите долгогодишни истражувања на потеклото на нееднаквоста, има две хобија: опера и риболов.
Во културолошка смисла Ленон е фигура со колосално симболично значење - никој подобро не ја отсликува нарцисоидноста на модерна Британија. Оттаму, иронично е што токму овој човек ја има напишано „Замисли", песна со наводно визионерски идеи за подобар свет, вели нова книга на еден британски историчар.
Изборот на Алексиевич има повеќекратна симболика - после долго време таа се доделува за небелетристика, а истовремено се подобрува и родовата избалансираност во историјата на доделувањето на оваа престижна награда. Освен тоа, новинарите присутни на објавата ја поздравија одлуката со гласен аплауз, бидејќи таа прв пат се доделува на нивна колешка.
Овој петок ќе биде објавен годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир. Меѓу другите имиња се споменуваат оние на Ангела Меркел, папата Франциско и рускиот весник Новаја Газета. Но неодамна излезе книга која фрла сенка врз релевантноста на наградата, којa додуша и до сега на повеќе пати беше доведувана во прашање. Валкани детали за неа открива поранешниот секретар на Нобеловиот комитет.
Го знаете она „не ја цени книгата по корицата". Ама оние неколку реченици отпечатени на книгите, кои се обично полни со фалби, особено ако се потпишани од славни автори, играат токму на таа карта.
Овој настан, кој се одржува еднаш годишно во текот на последната недела од септември, ја промовира слободата на читање. Но дали во САД навистина има забранети книги?
Издавачот Блумсбери започна со интересен проект - објавува кратки книги во електронски формат и на хартија за предмети кои ги користиме секојдневно, но за чија културна историја знаеме малку или ич. На сајтот има и повик за сите кои би биле заинтересирани да пишуваат на ваква тема.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја
Спортисти што убиваат некаков демон, а тој потоа ги истребува еден по еден - книгата на познатиот пејач има само 128 страници, но изгледа е тенка и по содржина. Критичарите сепак имаат и поживописни епитети за неговото дебитантско дело.
Иронично насловена како „Никогаш нема да ги напишам моите мемоари", новата книга на диско дивата не само што открива многу за нејзиниот живот, туку ги прави парам-парче оние кои се обидуваат да ја имитираат, а не биле ни родени кога таа го пробивала патот на јаките жени во музиката.
Во Телурајд, Колорадо во септември повеќе од 40 години се одржува фестивал, на кој се прикажуваат нови филмови (услов е тоа да им биде северноамериканска премиера). Оваа година меѓу другите луѓето го гледаа, и плачеа на новиот документарец на Лори Андерсон.
Оние што ги читале неговите дела знаат дека познатиот писател има посебна слабост кон музиката, и дека практично секоја негова книга содржи сопствена плејлиста. Сега ја отвара неговата домашна колекција за оние кои сакаат да ѕирнат во неа.
Ентони Бордејн има нов проект, кој на прв поглед не е поврзан со готвење. Се вика „Сиров занает" (Raw Craft), a се работи за кратки филмови во кои познатиот готвач ги претставува „најдобрите занаетчии на Америка".
Тоа требаше да биде најамбициозниот книжевен проект на нашето време - скенирање на сите светски книги и нивно поставување онлајн. Осум години откако почна, Гугл букс некаде закочи.
Книгата „Ју: загубената земја" на Драгана Јурисиќ е фото-хроника на нејзиниот некогашен дом и оживување на искуствата поврзани со него. Била и во Македонија.
Во декември 2011, на повеќе од 100 страници, излезе божикното издание на списанието New Statesman, чиј гостин-уредник беше Ричард Докинс. За овој специјален број тој направи големо интервју со Кристофер Хиченс, негов пријател и атеистички соборец, кој почина пред објавувањето. Сега тоа за прв пат е достапно онлајн.
„Тоа беше пред 16 години, ОК е" - одговара Ружди на веќе досадните прашања околу фатвата и дали може слободно да се движи. Повеќе сака да зборува за новиот роман, неговиот 12-ти по ред, а прв по седум години.