Нова книга под наслов „Искубано: историјата на отстранување влакна" од Ребека Херциг испитува еден необичен феномен - и покрај тоа што повеќето од цицачите на планетата поседуваат обилно крзно, само човекот минува низ триста маки за да го отстрани. Зошто?
Филм за борбата со Алцхајмер на едно семејство, којшто не би бил ни од далеку толку интересен доколку во него не би играла Џулијан Мур. Бонус: приказната за соочувањето со една друга болест на самиот режисер.
Колку пати сте слушнале дека некој „сака да чита", или сте изјавиле дека сте „љубител на добрата книга"? Нашата врска со книгите често личи на љубовна приказна, која вклучува занесеност, интимност, опсесивност. Но односот кон книгите и читањето не бил отсекогаш таков.
По 25 години во медиумите, 58-годишниот Дејвид Кар почина во редакцијата на Њујорк Тајмс, кадешто ја пишуваше понеделничката колумна „Медиумска равенка" (The Media Equation), посветена на телевизијата, социјалните медиуми и издаваштвото.
Многу пензионирани НБА играчи, по кошарката се фатија за голф и тенис. Кога легендарниот шести играч на Чикаго Булс се повлече, до ден денес не игра ништо друго освен голф, спорт во кој стана државен шампион на Хрватска.
Колку пати сте ја чуле изреката „не суди за книгата според корицата“? Оваа го прави токму спротивното - ве суди вас, според вашата „корица“, односно според изразот на лицето.
Немам јас ништо против здрава исхрана, ниту пак против било каква исхрана кога сме на таа тема, но страшно ме револтира кога некој ми продава американски приказни за нездрава исхрана и прекумерна тежина кога луѓево едвај успеваат месецот да го преживеат и да стават каква било храна у фрижидер и негде низ кујна.
Kундера (85) со години немаше објавено ништо ново. Оттаму, преводот на англиски на неговиот нов роман „Празник на безначајноста" се смета за причина за прослава, рамна на „враќањето" на Харпер Ли.
Двајца соработници на Њујорк Tајмс дебатираат околу природата на пишувањето книжевни критики во медиумите. Дали нивните автори создаваат уметност, или вршат општествено корисна работа? Според нив - второто.
Бизарна и претажна е потврдата на старата фраза "животот е краток а уметноста долга" во случајот на Едмунд Клинт. Едно мало детенце од Индија кое на Земјава беше присутно нецели 7 години а зад себе остави преку 25.000 уметнички дела.
Вест на тукушто започнатата година во книжевните кругови е дека е пронајден необјавен ракопис на Харпер Ли, продолжение на нејзината славна книга од 1960, за којашто таа ја доби Пулицеровата награда.
Дали од еротско романче очекувате истовремено да биде и прирачник за безбеден секс? Или таквите се читаат за да ѝ се даде оддишка на фантазијата, во која, да си признаеме, нема кондоми, ама ни секирации околу ХПВ и трето дете.
Ана ја „запознавме" случајно, кога на Фејсбук забележавме дека некој објавува километарски песни, кои масовно се споделуваат. Има и причина зошто на луѓето им се допаѓаат - нејзината поезија е искрена и топла, дури и некако мајчинска, полна добронамерни совети и одживеани мудрости.
Се разбира дека нема потреба да знаеш што е тоа „канон" или „арпеџо" за некое парче музика да те погоди право в срце. Но што ако има начин некој да ти го анализира нота по нота, а сепак да не ти го расипе, туку напротив да направи уште повеќе да го цениш?
Во 1961, професорот по психологија на Универзитетот Јеил, Стенли Милграм, објавил оглас во весник: „Плаќаме 4 долари по час. Бараме 500 луѓе кои ќе ни помогнат да спроведеме научно истражување за меморијата и учењето". Повеќе од 50 години по неговиот озлогласен експеримент, научниците сè уште се фасцинирани од резултатите, иако немаат баш добро објаснување за нив.
Првиот роман на големиот кошаркар ќе се однесува на еден мал, и неправедно маргинализиран лик, постојано во сенка на неговиот брилијантен брат. Веќе замисливме филмска верзија, и ги доделивме улогите.
Дали момците и натаму треба да уринираат стоејќи или пак конечно треба да си легнат на брашното тоест седнат на шољата, не е ниту нова, ниту пак наивна дебата. Околу ова прашање се пишуваат книги а дилемата стигна и до суд.
Српскиот писател Филип Давид деновиве беше актуелен затоа што ја доби НИН-овата награда за најдобар роман, за книгата „Куќа на сеќавање и заборав". Но еден текст од негова постара книга од 1997 звучи неверојатно свежо.
За да се активира природното регулирање на тежината на организмот - да не се внесува шеќер и да се избегнуваат процесирани продукти кои содржат фруктоза (дури и џусеви).
Чарли Вотс своевремено напишал и дизајнирал сликовница посветена на едно пиле. Зад неа всушност се крие љубовта на човекот кој цел живот го мина во рокенролот кон друг жанр музика.
Од страна гледано, кога жените ќе решат да ја сменат интимната фризура тоа го прават така брзо и масовно, како сите истовремено да добиваат таен меморандум за тоа. Најновата мода се вика "полна бразилска грмушка". Звучи оксиморонски ама делува.