Додека неговите колеги од бендот, Џегер и Ричардс, биле по блузот, тапанарот на Стоунси, Чарли Вотс бил по џезот, слушајќи ги Мајлс Дејвис и Џон Колтрејн. И кога подоцна Мик и Кит дефинираа како треба да изгледа рок ѕвезда, тој секогаш си остана џезерски кул.
Во 1960-тите, кога Вотс работел како графички дизајнер, само повремено чукајќи на тапани, тој напишал детска книга, „Ода на високолетачката птица". Таа е посветена на легендата на алт саксофонот, Чарли Паркер, чиј прекар е токму „Птицата". Има две верзии зошто го завикале така - затоа што бил слободен како птица и, поверојатно, затоа што еднаш случајно удрил кокошка со кола, додека возел на тура со бендот.
Текстот во сликовницата е исто така на Вотс, и се однесува на животниот пат на Паркер: „Фрустриран од она што му го нудел животот во родниот град, пилето си ја спакувал писката, ѝ зацрцорело збогум на мајка си и излетал од неговото гнездо во Канзас сити, заминувајќи за Њујорк".
Најпрвин цртежите биле направени како портфолио, но во 1964, кога Вотс веќе станал член на Стоунси, книгата била издадена, и тоа од истиот човек што издавал списанието Rolling Stones Monthly.
И ова не е единствениот трибјут на Вотс на Паркер - во 1992 неговиот џез бенд, Квинтетот на Чарли Вотс, издаде албум насловен „Од еден Чарли...". „Никогаш не го засакав рокенролот", изјавил во една прилика Вотс за Ролинг Стоун. „Го сакам џезот. Но сакам да свирам рокенрол со Стоунси".
Трејлер за филмот „Брд" на Клинт Иствуд, уште еден љубител на џезот, посветен на Паркер