Непосредно пред да му се слоши, тој модерирал панел дискусија во врска со филмот Citizenfour, со неговиот режисер, и со Едвард Сноуден, кој бил присутен преку линк.
Последната, пак, колумна на Кар беше посветена на споредбата на Џон Стујарт и Брајан Вилијамс - новинар на NBC кој беше суспендиран откако призна дека лажел дека летал во погоден хелихоптер во Ирак во 2003. Но помеѓу бројните интервјуа, филмски осврти и есеи посветени на врската помеѓу културата и технологијата, некролозите посветени на Кар без исклучок ја споменуваат неговата книга The Night of the Gun (Ноќта на пиштолот), мемоар во кој ја опишува неговата зависност од дрога и животот со жена којашто била и дилер и мајка на неговите близначки.
Она што го разликува овој, од купот други мемоари, па и од такви посветени на некогашна зависност, е што нему Кар му пристапил како на истражувачко новинарство. Интервјуирал 60 луѓе и работел на книгата 3 години, транскрибирајќи интервјуа, користејќи бројни документи (медицински досиеа, полициски пријави, судски записници) и фотографии.
„Тоа стана и просветлувачки и болен потфат, нова граница во аналите на автореферентноста - им се појавував на врата на луѓе што не сум ги видел дваесет години, и барав од нив да ме објаснат, мене на мене".
Насловот на книгата има врска со ноќ кога Кар станал свесен колку забегал. Мислел дека некој пријател-дилер му извадил пиштол, за потоа да сфати дека оној што го потегнал пиштолот всушност бил самиот тој. И сето тоа додека во автомобилот надвор на студ седеле неговите расплакани близначки. После овој настан Кар полека се освестува, се разведува од жена му и станува самохран татко, за потоа повторно да се ожени и да добие трета ќерка. Сето тоа испресечено со епизоди на лечење, што од дрога што од алкохол, што од рак на лимфни жлезди.
„Малку по малку, завршив вработен во Њујорк Тајмс. Последниве две децении ги живеев преплавен од оние ветувања коишто ги носи исцелувањето. Среќата, индустријата и верата ме водеа низ живот над сите очекувања".
Извадок од книгата тука
Сцена од Page One - документарец посветен на Њујорк Тајмс, во којшто штрколикиот Кар е еден од главните ликови