„50 нијанси сиво" не е само наслов на книга, туку и на колекција еротски играчки, промовирани од компанијата Lovehoney. Има тука сè и сешто - топчиња за задоволство „Внатрешна божица", пердувчиња за скокоткање, силиконски џи-спот вибратор, линеар за тепкање..И, да, лубрикант, под името „Свилена прегратка".
Тања Вархол од Калифорнија, којашто го купила овој производ во два наврата, сега ја тужи и фирмата и авторката, бидејќи тој не ги исполнил нејзините очекувања. За среќа, лубрикантот како таков не се појавува во новиот филм правен според „50 нијанси", па продуцентското студио Универзал е поштедено.
Пакувањето ветувало дека корисникот „ќе искуси засилени оргазми и стумулација, бидејќи секој допир и вибрација се интензивирани". И сето тоа зачинето со цитат од книгата - „Се предавам, експлодирам околу него - исцрпувачки, душеваднички оргазам, кој ме троши до крај". Ова ја навело Тања, како што се вели во тужбата, да поверува дека производот има својства на афродизијак.
„Свилена прегратка“ инаку е изложен на електронските и обичните полици веќе четири години, па ако по ова се одлучат да тужат и сите оние кои до сега го купиле, тогаш ќе биде навистина оргазмично.
Реклама за лубрикантот:
Пародија на трејлерот за „50 нијанси" со Стив Бушеми во улогата на г-дин Греј:
Освртот на Букбокс за книгата ТУКА