Фасциниран од писмата кои му ги испраќал од затвор, Норман Мејлер се заложил за ослободување на еден убиец. Набргу овој повторно убил. Нова книга се обидува да го расветли случајот, и да одговори на едно важно прашање - дали писателот сноси одговорност за она што се случило?
Не е само Орвеловата „1984“ таа што почна да се продава ко алва откако САД добија нов претседател. Збунетите и гневните се свртија и кон други книги за во нив да најдат објаснување на она што се случува. Притоа, на прво место избива една која до сега беше малку подзаборавена.
Прв роман на Барнс откако доби Букер во 2011 за „Ова личи на крај“, ова е далеку послабо дело, чија единствена добра страна е што, на додуша прилично емоционално воздржан начин, го опишува односот помеѓу уметникот и Моќта - таа „мачка што ги остри канџите од неговата душа“.
Хронично сте уморни? Не успевате да ги пофаќате конците на денот? Почнувате да ги губите пријателите затоа што од неспособност да го контролирате она што е вон вас се повлекувате во себе? Нова книга (тазе превод на македонски) го дијагностицира проблемот - времето во кое живееме, заедно со нас, е „папсано“.
Користените книги имаат една предност пред оние новите, што на нивните маргини често има испишано пораки-ехо од животите на луѓето кои некогаш ги читале. Еден проект на Универзитетот во Вирџинија се обидува да ги сочува во време на дигитализација.
Во последната епизода (10.2) од шоуто на Бил Маер имаше супер „панелисти“ - „папата на трешот“, режисерот Џон Вотерс, поранешната советничка на Обама Карин Жан-Пјер, водителот Пирс Морган и комичарот Џим Џеферис. Последниве двајца баш фино се испокараа. А ним потоа на Твитер им се придружи и авторката на „Хари Потер“.
Прељуба, предавство, освета и убиство - овие теми, одделно или комбинирано, се обработени во голем број дела, но само „Хамлет“ ја имал таа моќ да стане парадигматичeн текст на кој со векови се надоврзуваат други, препрочитувајќи го, пародизирајќи го или деконструирајќи го. Таа низа сега се дополнува со уште една книга.
Пред една недела, во загрепски дом за стари, заборавен од сите, во тесниот круг на најблиските пријатели, умре професор, писател, публицист, полиглот и еден од последните ангажирани интелектуалци на европскиот нов век. Веста на ХРТ по овој повод гласеше: „Умре автор на многу книги“.
За да се насладувате на визуелни прикази на секс порано не сте морале да имате интернет. Но сепак требало да бидете во одбрано друштво претплатници на ограничен број примероци високо уметнички илустрирана литература. Која и не била толку за читање, колку за гледање.
Ако е точно дека „една слика е илјада зборови“, тогаш и моќта таа да излаже е пропорционална на оваа математика. Ова е откриено прилично рано во историјата на фотографијата, а масовно се користи и денес.
Уште еден филм во трка за овогодишниот Оскар (покрај „Хоксоу Риџ“ за кого пишувавме тука) е правен според вистинска приказна. Овој пат за Афро-американките кои помогнале во тоа САД да ја освои вселената. Насловот - Hidden Figures - може да се преведе и како „скриени цифри“ и како „скриени ликови“. Сепак се одлучивме за првото, заради математичката конотација.
Хариет Лернер е опишана како „еден од најсаканите и најпочитувани експерти за врски во Америка“. Сега има нова книга која укажува на моќта на извинувањата, особено ако тие се направени како што треба.
Во Британија, втора година по ред, од 23-28 јануари се одвива недела на академските книги „заради отварање дијалог помеѓу оние кои ги пишуваат, и оние кои ги користат“. Оваа година беше спроведено и гласање за највлијателната ваква книга на сите времиња.
„Самиздат“ за наш менталитет сè уште одѕвонува како „книга што никој не сакал да ти ја финансира и објави, па си морал сам“. Светскиот пазар пак на дигитални изданија за повеќето наши автори е како друга планета. Ама некои од нив се осмелиле, а сега можат да бидат и наградени.
Јан-Вернер Милер предава политика на Принстон. Во август минатата година објави нова книга во која во предвечерјето на победата на Трамп, и во ерата на подемот на популизмот, се обидува да објасни - што е точно тоа од што истовремено се плашиме, а под чие влијание сепак толку лесно потпаѓаме?
Руми е најпродаваниот поет во САД и инспирација на куп славни личности. Негови цитати ги „красат“ ѕидовите на социјалните мрежи. Но дали би било така доколку неговите преведувачи на англиски коректно би ги превеле и оние референци во неговите стихови кои имаат експлицитна поврзаност со исламот?
За празнициве со задоволство исчитавме нова книга на македонски автор. Четвртиот роман на Сашо Кокаланов, еден од авторите на сатиричната „Коза ностра“ и на серијата „Преспав“, чиј главен лик е неуспешен новинар кој менува професија во - детектив.
Книгата која ја влечкав со себе на летување и на сите можни патувања од тогаш, со нејзините (скоро) 600 страници oколу празниците веќе ми стежна на совеста. А грижата на совест за непрочитана книга понекогаш е поголема од онаа за непочната диета. Сепак, едното не го исклучува другото - кога ќе ја земете оваа в раце, често ќе заборавате и да јадете.
Пред неколку дена излезе книга посветена на вистинска приказна за најпознатата жена-детектив од Њујорк од 1917. Сто години по нејзиниот најпознат случај, авторот Брад Рика потсетува на оваа прониклива и храбра жена, првата регионална јавна обвинителка на САД.
Едно време ревносно се бележеа и цитираа последните изговорени зборови на големите умови. Од нашата епоха ќе останат еден куп последни СМС-и и пораки на чет. Токму ним им е посветена нова книга.
За еден меланхоличен ум, наслов како овој на првата книга на Велс Тауер може да звучи како апокалиптична закана, но и како перверзна утеха – ако навистина сè е веќе уништено, прегазено и разрушено, во архитектонска, агрономска, етичка и естетска смисла, тоа остава расчистен простор, за врз стрништето на стариот да се изгради нов, храбар и доблесен свет.
Каша е една од најинтересните личности кои ги познавам. Родена во Полска, половина живот го има поминато во патувања, пакувања и селења – од Африка, преку Швајцарија, до Индија.