Љубовта помеѓу Битлси и Дилан била еднонасочна - четворицата му се восхитувале на талентот на Американецот. Овој пак не се воздржувал да ги исмева, кодирано ама сепак јавно.
Кога ќе направиме нешто добро за човек кого го знаеме, ретко помислуваме на сите оние луѓе на кои истовремено не сме им помогнале, а уште помалку на оние кои страдале како резултат на нашата првична помош. Дали фаворитизмот е всушност зло?
Некако не ни се верува дека поминале толку години. И тогаш, на 13 јули 1985, ни беше јасно дека станува збор за голем настан. Триесет и пет години подоцна, делува како нешто што никогаш повеќе нема да се повтори - 16 часа врвна музика, која преку 13 сателити и голем број ТВ приемници (во нешто што денес изгледа како „камено доба на телевизијата“) поврза скоро 2 милијарди луѓе.
Требаше да се случи глобална пандемија и цел свет да застане за конечно да се освестиме за само-наметнатата важност на прилично неважниот слој од глобалното општество - ѕвезди по која било основа. И ваквото рекалибрирање на нашите приоритети треба да продолжи и кога еден ден ова другово ќе биде зауздано.
Австрискиот Ишгл е Мека за богатите скијачи кои сакаат да се журкаат, па последниве години го завикаа „Зимска Ибица“. Откако стана јасно дека токму тоа место е главниот распрснувач на коронавируот во Европа, се открива како со него управувала лакомоста и неодговорноста.
Среде глобалната окупација која ни се случува поради пандемијата на коронавирусот, Боб Дилан слободарски реши да крикне, да го прекине авторскиот целибат и после цели осум години да направи нова песна. За убиството на Кенеди.
Вчера, 6.3., десетина вработени во познатиот издавач Ашет организирано излегоа од њујоршката канцеларија на фирмата, како протест против објавувањето на автобиографијата на Ален. Тоа, заедно со уште куп реакции, придонесе истиот ден Ашет да ја повлече својата одлука.
Загадочен Јутјуб канал постираше и бргу потоа сокри колекција од 75 ретки и необјавени песни на Ролинг стоунс. Потегот најверојатно има врска со европските закони за копирајт по кои правата траат 50 години, ако никаде не се објавени.
Додека во СССР и поголемиот број други источноевропски земји водачите и комесарите ја контролирале младинската култура како начин да ја задржат својата моќ, во Југославија комунистите им ја понудиле културата на своите граѓани, посебно на младите, како издувен вентил низ кој можеле да ги намалат општествените трауми и да создадат илузија на слобода.
Војо Шиндолиќ, новинар, поет и преведувач на импресивен список дела на американската книжевност, неодамна објавува „ексклузивно“ интервју со неговиот (наводен) долгогодишен пријател Дилан. Ама меѓу неговите колеги има некои и музички и новинарски потковани. Па го фаќаат во лага.
Во текстот кој го објавивме во пресрет на прогласувањето, во кој се предвидуваат можните потенцијални добитници на годинешнава Нобелова за литература, и покрај големиот број спомнати имиња, едно фали. Она на авторот кој денес се закити со ова високо признание.
Белиот супрематист кој пред две години уби 9-мина невини верници во црква рече дека воопшто не се кае за масакрот. Но затоа не му падна сеедно кога дозна какви адвокати треба по службена должност да ја обжалат неговата смртна казна.
На 7 септември ќе излезе нова, до сега најдетална биографија на Дејвид Боуви. На повеќе од 500 страници, таа содржи 180 интервјуа со негови пријатели, конкуренти, љубовници и соработници, од кои повеќето никогаш порано не зборувале јавно за нивната врска со Боуви.
Неколку години нема снимено филм, и иако неодамна се појави во споредна улога во The Bad Batch скоро никој тоа не го забележа, а тој самиот ги одби сите понуди да учествува во промоцијата на филмот. Но што правел во меѓувреме?
Од 78 реченици во говорот кој беше снимен само аудио, без да биде дозволено објавување официјална транскрипција, десетина се речиси целосно препишани. Ама не од друг Нобеловец туку од сајт на кој има кратки содржини на лектири за учениците да не мора да читаат. Нам ни изгледа дека Боб (пак) малку ги заеба Швеѓаните.
Од октомври 2016 па наваму Нобеловиот комитет сигурно сто пати зажали што му ја додели престижната награда на човек што прави сè за да им покаже на тоа Швеѓаните дека ич не му чуе за ваквите почести, ама на еден џентлменски начин, како што и доликува на „стара коска“. И да им ги земе парите.
На само 21 годишна возраст, Џен Венер го ко-основа Ролинг Стоун. Магазинот за кој работеа ликови како Хантер С Томсон, Том Волф и Ени Лебовиц, деновиве полни 50 години од постоењето а Венер сè уште е издавач.
Во хотелот Челси свои дела напишале Боб Дилан, Коен, Џек Керуак, Вилијам Бероуз. Имало и помалку познати уметници кои со години живееле тука како потстанари под „спонзорство“ на хотелскиот менаџер. Тој деновиве почина, на 82 години, носејќи ги со себе и бројните приказни кои се граничат со митови.
Судени се и по името. Тие се „Rolling Stone“, тој е „Like a Rolling Stone“. И така едно половина век. Импресивен јубилеј за дружењето на два темелни камења на рок-музиката.