Вести › Набрзинка
Четврта жртва во поплавите во Бугарија
- 58 годишна жена со руски пасош е четвртата жртва од поплавите кои направија лом во одморалиштето „Елените“ во општина Несебар.
Россиянка погибла во время наводнения в Болгарии
— Вот Так (@vottak_tv) October 5, 2025
Тело 58-летней женщины обнаружили среди обломков виллы на курорте Елените, пишет болгарское издание БТА. Ее нашли благодаря мужу — когда его супруга перестала выходить на связь, он прилетел из Петербурга в Болгарию. Именно мужчина… pic.twitter.com/gquwvd0kVH
-
Стотици волонтери, воен персонал, екипи на противпожарната служба, полиција, општината Несебар и Регионалниот кризен штаб се на терен за справување со последиците од разорната поплава.
-
Засега се расчистува главно во долниот дел од населбата. Повисоко, теренот е сè уште непрооден, бидејќи првите катови од зградите се затрупани со урнатини, дрвја и камења.
-
Луѓето се во трка со времето откако Националниот институт за метеорологија и хидрологија предупреди дека врнежите ќе продолжат утре, а во вторник навечер во источната половина од земјата ќе бидат интензивни и на некои места се очекува повторно да наврнат и над 100 литри на квадратен метар.
-
Забележани се и луѓе кои ги пребаруваат и ограбуваат уништените домови. Кај двајца од нив се најдени 4.500 евра.
-
Радев до Силјановска изрази благодарност за солидарноста и понудената помош за справување со последиците од невремето.
Ѕоф: Не го убивај копиљот у себе
- Идам некња на една свадба, одма после четириеседна година од матура. Мојата средношколска другарка Вики, позната мачкица од она време, го жени синот. Уредно нѐ покани (не баш) сите од наш клас, али мене одма ми беше јасно кој ќе дое, а кој не. Увек истите доаѓаат и увек истите не доаѓаат. Ги посматрам овие првиве и закључуам дека само по една ствар се разликуeме од оние вторите; ние седум – осум души сме одлучиле цел живот да го негуеме детето у нас, док овие другиве го имаат утепано уште у времето коа Тито првпут го заболе ногата.
- Животот е состаен од големи срања и мали задоволства. Срањата се неизбежни, што би значело дека треба да се радуеш на малите задоволства. И, нормално, да глеаш да ги има поише, пошто детето нема појма што се срања и ужива у секоја ситница.
-
Ако си го убил или ти е пред умирање (се мисли на детето), деноите ќе ти се сведат само на:
- Да се јавам у утринската ТВ емисија и да им се наебам мајке.
- Да ги изглеам сите вести од пет поручек до смрт.
- Штокур ќе идам со школскиве другари на свадба кај на Вики синот. Едни те исти муабети. Боље да си глеам „Само вистина” со Љубомир Гајдов.