Во 11:25 по источно време (17:25 по македонско), Асошиејтед прес објави дека Бајден победил во Пенсилванија, и со тоа дека ги освојува и изборите во САД.
Се работи за првите 10 месеци од годината, а парите што ги имаат потрошено само на Фејсбук се два пати поголеми во споредба со буџетот од 2016 потрошен на истата социјална мрежа. Една четвртина од овие пари е потрошена само во октомври.
Глен Гринвaлд е новинарот кој во 2013 за Гардијан објавува дел од тајните документи што ги добива лично од Едвард Сноуден. Тој подоцна си заминува од Гардијан и го ко-основа левичарскиот Интерсепт. Гринвaлд објави дека поднел отказ во Интерсепт откако тамошното уредништво одбило да му објави текст кој бил негативен за Бајден.
22-ри октомври е третата (технички втора) и последна дебата меѓу Трамп и Бајден пред американските претседателски избори во ноември, а со тоа е и последна шанса за двајцата да се покажат барем пред своите кога и онака никој не се обидува да ги придобие тие од карши.
Њујорк Пост објавува сторија за Џо Бајден дека во 2015 (додека се уште беше потпретседател) се сретнал со сопственикот на украинската нафтена компанија за која работи син му, а неколку месеци подоцна извршил притисок врз украинските власти да го отпуштат обвинителот кој започнал истрага околу компанијата. Според Фејсбук и Твитер оваа вест не е според нивни стандарди и не дозволуваат објавување на линк до веста.
Бајден моментално има значителна предност на најголемиот дел од анкетите, а Трамп и понатаму е под опсада заради задоцнетиот и неадекватен одговор (за најбогатата земја на светот) на коронавирусот, и во ваква ситуација, на денешен ден, инвеститорите и кладилниците, предност му даваат на Трамп како победник на претседателските избори во САД.
По поразот на Супер вторникот, Сандерс целата надеж ја стави на вчерашното гласање во кое демократите од 6 американски сојузни држави го даваа својот глас. До сега Бајден освои 3, а од уште 3 се очекуваат резултатите.
Победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори предизвика целосна вчудовиденост кај интелектуалната елита, длабоко загрижена поради погрешниот избор на народот. Наместо да размислат за причините за привлечноста на „антиелитистичката“ и „протестна“ политичка реторика, многу коментатори се посклони да заклучат дека проблемот не е во системот и досегашните политики, туку во народот, кој не ги разбира.
Гревот на Клинтонови, отплатен во ФБИ-истрага на само неколку дена пред гласањето, е што и двајцата идентично чувствуваат дека „правилата не важат за нив“.
Откако по новинари, експерти, ЦИА и разузнавачи, дојде ред и Обама да каже дека Москва стои зад хакирањето на мејловите на демократите, портпаролот на Путин порача дека САД мора или да покаже докази за тоа што го збори или да прекине.
Заклучокот на истрагата на ЦИА е дека Русија интервенирала во изборите во 2016 за да му помогне на Доналд Трамп да стигне во Белата куќа, објавува Вашингтон пост.
Треба да се разјасни дека Фејсбук не ги реши изборите, и Трамп нема да биде следниот претседател на САД заради неговата способност да се расправа со медиуми и славни личности на Твитер, пишуваат Кит Хемптон и Езтер Харгитаи во Хил.
Се повеќе либерали ја повикуваат Клинтон да побара пребројување во трите клучни држави кои ја овозможија победата на Трамп: Висконсин, Мичиген и Пенсилванија. Барањето се базира на тврдењето на американски експерт за компјутерска безбедност, според кого некоја надворешна сила (Р-У-С-И-Ј-А) би можела да ги хакне изборите. Тој го разработува и целото сценарио за потенцијалното хакирање.
Меѓу клишеата што заслужуваат да бидат исфрлени по последните претседателски избори во САД е идејата за "женски глас", пишува Хедер Хурлбурт, поранешна функционерка во Белата куќа, Стејт Департманот и американскиот Конгрес.
Самата Хилари верува дека за поразот е виновен Џејмс Коуми, директорот на ФБИ кој на само неколку дена пред изборите го извести Конгресот дека повторно ја отвора постапката против неа. Според луѓето од нејзината кампања причината е "збир неконтролирани ветрови во гради". Добар дел од демократите за ова ја обвинија нејзината кампања и стратегијата.
Најголемиот шок во среда наутро го доживеа половината од Американците кои не можеа да веруваат во резултатите што никако не содејствува со она што се случуваше и зборуваше во нивниот свет. Излезе дека нивниот свет всушност бил она што Фејсбук мисли дека е нивен свет.
Актуелниот потпретседател на САД, за време на кампањата во еден момент порача и дека би сакал да се проба со Трамп, еден на еден. Ова уште го држи и кога завршија изборите, и никако не му оди да му ја даде Белата куќа на новиот претседател.
Човекот што пред неколку години од позиција на водител на Дејли шоу, на најавите на Трамп дека ќе се кандидира за претседател од денешна перспектива наивно му порача „те молам, дај те молам кандидирај се“, во средата сабајле заедно со остатокот од Америка се разбуди со претседател Трамп. Бонус, совршено добар клип на Сатрдеј Најт Лајв за разочарувањето и заблудата на белците либерали (плус Дејв Шапел и Крис Рок) на вечерта на гласањето, околу сопствената земја и сонародници.
Постои гнев на обичниот народ кон статус-кво во политиката кој меинстрим политичките новинари едноставно не го разбираат, и за да биде болката поголема Трамп им се случува на медиумите само неколку месеци откако истите овие медиуми ја направија истата оваа грешка околу брегзит.
„Либералите беа бесни на Трамп и го искажаа својот бес во сајбер-просторот. Тоа немаше никаков ефект бидејќи алгоритмите се погрижија тие да им се обраќаат само на луѓето што и онака се согласуваа со нив“, порачува Адам Куртис во својот документарец за Бибиси, Хипернормализација. Филмот е излезен во октомври, кога сè уште никому не му се верува дека Трамп воопшто е републикански кандидат за претседател на САД.
Милиони Американци во вторникот гласаа против, изразувајќи го своето остро противење на економскиот и политички систем што ги става богатите и корпоративните интереси пред нивните. Јас силно ја поддржував Хилари Клинтон и водев кампања во нејзина корист, и верував дека таа е вистинскиот избор на денот на изборите. Меѓутоа Доналд Трамп ја освои Белата куќа затоа што реториката на неговата кампања успешно се всади во многу реалниот и оправдан гнев, гнев што многу традиционални демократи го чувствуваат.