Може ќе изгледа изненадувачки дека само 54% од женскиот електорат гласал за Хилари Клинтон, првата жена номинирана за претседател на САД од голема партија. Меѓутоа иако родот е важна метрика за тоа како Американците размислуваат за одредени прашања, тој не е најдобар во предвидување како тие ќе гласаат. Излезе дека жените кандидати не се соочуваат само со родов јаз, туку со неколку родови јазови.
(И покрај резултатите од неколку претходни избори) Не значи дека родовиот јаз е фактор од прв ред, посебно ако се имаат предвид останатите јазови меѓу демографските групи. Ако се направи етничка поделба, 21% повеќе белците гласале за Трамп отколку за Хилари, додека таа добила 36% повеќе гласови кај латиносите и 80% повеќе гласови од црнците.
Статистиките покажуваат најголема поделеност на гласачите и по други демографски линии. Оние со колеџ образование и дале 9% повеќе гласови на Хилари, додека оние без колеџ образование му дале 8% повеќе гласови на Трамп.
По полови, од белците Трамп добил поддршка од 53% од жените и 63% од мажите, додека Клинтон добила поддршка од 43% од жените и 31% од мажите. Таа добила 6% повеќе гласови од белите жени со колеџ образование, додека во категоријата бели жени без колеџ диплома Трамп доминирал со предност од 28%. А ако се погледнат само републиканските гласачи, родовиот јаз речиси целосно исчезнува: 91% од републиканските и 92% од републиканците гласале за Трамп.
Сето ова не посочува кон една полова динамика, туку кон полова динамика прекршена преку повеќе општествени и економски леќи. На пример, како што забележува Сибиес, неуспехот на Клинтон да извади исти бројки од црнците гласачи како и Обама се сведува "исклучиво на тоа што мажите црнци" не гласаат за неа (горната статистика покажува колку од излезените гласачи биле за Клинтон, а не колкав процент се тие од вкупната црнечка популација во САД). И покрај историското значење на нејзината кандидатура, резултатите на Клинтон меѓу белата женска популација не се подобри од резултатите што таму ги има Обама во 2012.
Знаеме дека републиканките гласале според припадноста на партијата а не според нивниот род. Меѓутоа Трамп исто така успева да стигне до белите жени кои не се поврзани со партија, најверојатно благодарејќи на стратегијата на неговата кампања да се игра на нервозите и стравовите на жените.
Успехот на оваа стратегија покажува еден од начините како родот може да игра улога во носењето одлуката. Податоците од изминатите 50 години покажуваат дека жените, повеќе од мажите, можат да се привлечат по основа на анксиозноста околу промените во околината и надворешните закани.
На пример, на изборите во 1964, кампањата на Линдон Б. Џонсон емитува реклама која наведува дека неговиот противник, ќе ги вовлече САД во нуклеарна војна; една недела подоцна, анкетите покажуваат дека 45% од мажите, но и 53% од жените се загрижени околу тоа. Слично, Џорџ Буш мина 30% подобро кај жените гласачи во неговата кампањата за реизбор во 2004 отколку во 2000, што најголем дел од аналитичарите го проценија дека е последица на анксиозноста на мајките од средна класа по терористичките напади од 11 септември.
Не така одамна, за време на претставничките избори во 2014 во САД, Републиканците ги нагласија слабостите на САД, и емитуваа реклами кои наговестуваа дека ИСИС испраќа агенти заразени со ебола да убиваат Американци. Иако експертите ги исмеваа овие тврдења, анкетите покажаа дека рекламите се ефикасни, а одреден број демократски функционери, посебно жени, годината ги изгубија изборите. Фокусот на Демократите на репродуктивните права воопшто не помогна да ги разубеди жените кои веќе беа преплашени околу ИСИС и еболата. Како што тогаш предупредив, изборите во 2014 беа проба за стратегијата за 2016 како да се порази женски кандидат.
Голем број политички аналитичари претпоставија дека оваа стратегија нема да успее за републикански кандидат кој има кажано дека модераторката на дебатата имала менструација, кажувал вицеви за врска со ќерка му, снимен е на видео како се фали дека сексуално напаѓал жени, и јавно е обвинет од неколку жени за сексуално малтретирање и напад.
Меѓутоа, како и на изборите во 2014, републиканските гласачи во 2016 многу повеќе беа загрижени од тероризам, криминал, нелегална миграција, и економска безбедност отколку со прашања како сексизам, расизам и нееднаквост.
Каде ова ги остава американските жени? Женски кандидат за американски претседател го освои мноштвото женски гласови, и повеќе вкупно гласови од нејзиниот машки противник, и сепак нејзината стратегија не успеа да испорача доволно гласови за да се осигура победа. Во поларизираната политичка култура во Америка, привлекувањето на една група едноставно оддалечува друга. Се додека жените кандидатки се присилени да исполнат повеќе, контрадикторни родови очекувања, САД никогаш нема да го затвори најголемиот јаз од сите: оној меѓу Америка и големиот број земји во светот што веќе решија да изберат жена што ќе ги води.