Куртис продолжува: „Иронично, нивните бранови од гневни пораки и твитови беа од корист само за големите корпорации што управуваат со социјалните медиуми. Еден онлајн-аналитичар, ова едноставно го објасни: 'гневни луѓе кликаат'. Ова значеше дека радикалниот гнев што преку интернет доаѓаше како бран веќе немаше моќ да го смени светот, туку се претвори во гориво што ги хранеше новите системи на моќ правејќи ги помоќни од кога и да е. Но ниту еден од либералите не можеше да замисли Трамп да освои номинација, туку сето тоа беше само една голема шега. Но под либералниот презир, Трамп сфати дека луѓето повеќе не веруваат во верзијата на реалноста што ја сервираат политичарите и дека приказните за светот што политичарите им ги кажуваат на луѓето повеќе немаа никаков смисол, и дека соочен со ова ти можеш да си поигруваш со реалноста, постојано менувајќи ја, а притоа дополнително поткопувајќи ги и ослабувајќи ги старите форми на власт и моќ.“
Ова што го кажува Куртис во видеоформа:
Насловот, Хипернормализција, Куртис го зема од книгата на Алексеи Јурчак од 2006 „Everything was Forever, Until it was No More: The Last Soviet Generation“, која се однесува на „парадоксот на животот во Советскиот Сојуз во последните 20 години пред колапсот“. Јурчак тврди дека тогаш „сите знаат дека системот пропаѓа, ама никој не може да замисли алтернатива на статус-кво, а политичарите и граѓаните се одлучни да ја одржат претставата на функционално општество“.
Целиот сегмент за Трамп во документарецот:
Целиот документарец: