Познат факт е дека популарниот пијалок некогаш содржел кокаин. Но како дошло до тоа и, уште поважно, зошто некој го сменил рецептот? Одговорот има врска со расата и класата на кои им припаѓале потрошувачите на Кока-колата.
Скапо е да се лета. Гориш. Ја спржуваш машината. Го топиш моторот. Секое суштество на земјата има приближно две милијарди отчукувања на срцето кои треба да ги потроши во текот на животот. Нив можеш да ги потрошиш кроце, како желка, и да доживееш двесте години, или можеш да ги поминеш брзо, како колибри, и да доживееш две години.
Вчера, 6 мај, на Универзитетот Колумбија беа доделени традиционалните признанија за достигнувања во новинарството, книжевноста и музиката. Најпрестижните награди во овие области во САД се доделија по 108-ми пат.
Вчера, 15.04., во аулата на Филолошкиот факултет се одржа навистина необичен настан за нашите книжевни кругови, во кои академици на себе ставија мачкести маски, професори глумеа јавни обвинители со перика позајмена од Драмски, декан удираше со дрвено чеканче по маса, а дел од публиката извикуваше „уа“ и фрлаше со грашок низ судницата. И сето тоа како омаж на едно уметничко движење, зачнато пред цел еден век, од коешто уште има што да се црпи.
Виолинист верува дека открил претходно непознат систем на динамичка интерпретација во Бетовеновите оригинални ракописи. Oва со други зборови значи дека славниот композитор предвидел многу повеќе варијанти во ознаките од оние стандардните „форте“, „мецофорте“, „пијано“, туку на своите тогашни и идни колеги им понудил широк спектар на емоционални изрази кои до сега не биле забележани во неговите генерално хаотични ракописи.
Неодамна, на 78 години, почина Пол Александер, кој бил парализиран од полио во 1952 и голем дел од животот го поминал во тн. „железен бел дроб“ - машина која му овозможувала да дише. Сепак, успеал да стане адвокат и да им се радува на оние моменти кои ги поминувал вон огромниот цилиндар.
Зачинот со сладникав мирис има своја тајна. Речиси секое зрно кое е во продажба е опрашено од човечка рака, со прецизно движење и користење игла или чепкалка. Методот е откриен од 12-годишно момче кое во 19 век било роб и чиј подвиг долго време бил потценуван.
Денес, 8.3., премиерно беше прикажан нов документарец кој ја раскажува историјата на првото неофицијално светско првенство во женски фудбал и причините зошто до сега не постоел историски податок дека тоа некогаш се случило.
На самиот почеток на претходниот текст за Галапагос, во кој доминираа птици, желки и други не-човечки суштества, Илија напиша: „Во тој момент, ни на крај памет не би ми дошло дека после една недела, на враќање накај дома, во бежанија од нарко-мафијата во Кито, не ќе ми е баш до луѓе“. Добро, биваше да ме оставиш во с'спенс за најинтересното, после „Војна и мир“ од репортажа? - му велам. Во ова продолжение тој ја исправа неправдата кон луѓето во приказната и кон читателите желни за уште долги четива.
Во времето кога за да се играат друштвени игри не беа потребни дури ни шпил карти или табла, туку само добро расположено друштво, синоним за „парти гејм“ беше играта „Мафија“. Во неа граѓаните, полицаецот и лекарот требаше да ги детектираат мафијашите во нивните редови. По нешто сличен принцип се и неколку денес популарни реални шоу емисии, кои со мали нијанси го поставуваат прашањето - во кого, и дали воопшто може да се има доверба?
За биолозите, вљубениците во природата и птичарите како Илија, Галапагос е туристичка дестинација од соништата. Лоциран во Пацификот на 1000 километри од јужноамериканскиот континент, овој архипелаг се состои од 19 острови кои се дом на различни видови птици, игуани, желки и други суштества кои ја инспирирале теоријата на еволуцијата на Дарвин, а сега и перото и фотоапаратот на Илија.
„Уште колку деца треба да умрат пред да се сменат законите за огнено оружје во САД" - ова е очајниот повик кој го упатуваат Американците по завчерашното пукање во Конектикат. Но фокусирајќи се на достапноста на оружјето, дебатата не зема предвид еден позначаен проблем - оној на менталното здравје.
Клајв Овен и Никол Кидман во HBO филмот за еден од најпознатите книжевни парови во историјата, во режија на Филип Кауфман („Неподносливата леснотија на постоењето", „Хенри и Џун").
Во мега-интервју за Ролинг Стоун по повод излегувањето на неговиот 35. албум, Дилан кажа разни интересни работи, ама со една споредба си ги запечати шансите за некогаш да летува во Дубровник или на Брач.
Помошта се состои од комбе, носилка на тркалца и возач. Возачот, кој е најмлад од целата пратечка опрема, а спеак во години, ни крив ни должен во приказнава, ве замолува да му помогнете со носилката, што е и нормално, затоа што човекот не може сам да ја качи до влезот на куќата. Следната, до душа не толку логична работа, е што ви бара упат?!
Транскрипт од Jammin' in New York, албум во живо снимен 1992 во Медисон Сквер Гарден пред 6,500 луѓе, кој доби Греми за најдобар говорен албум од областа на комедијата. Иако, како и многу други работи што ги има кажано Карлин, ова е повеќе поучно отколку смешно.
Неодамнешниот скандал на катедрата по филозофија во Ниш, каде едно од прашањата на приемниот бил наслов на песна на Карлеуша, уште еднаш го поттикна муабетот за „елитната" наспроти „ниската" култура, и онаа која ја нарекуваме „општа". Добро бре, прашува Теофил Панчиќ, сте чуле ли вие на журка да се пеат Платоновите greatest hits?
Еден од помалку познатите факти од животот на славниот актер е дека татко му, Роберт Хенри де Ниро сениор, бил сликар-експресионист. Во овој текст синот зборува за нивниот по малку резервиран, но сепак длабоко емотивен однос, како и за почитта кон уметничкото наследство на татка си, за кого сега снима и документарец.
Предлог за скулптури кои ја симболизираат минливоста и на уметноста, и на историјата. И кои, за разлика од други материјали, вршат цивилизациски корисен акт - на миење раце.
Ресторан чиј сопственик е Бошњак, каде келнерките се од Србија, а во соседство има хрватски бар, звучи како рецепт за катастрофа. Дури (или особено) ако се вика „Маршалот" и се наоѓа во Квинс. Кенан Требинчевиќ за берберот Џиџи, хрватскиот Колдлеј и бистата на Тито скриена зад шише ракија.
Излезе нова збирка песни на неодамна починатата полска поетеса и добитничка на Нобеловата награда за книжевност, која ги содржи 13-те последни песни кои таа ги подготвувала за издавање.
Има неколку причини зошто овој текст ни се допадна. Едно е што читањето туѓ патепис е каква-таква, психолошка компензација за неможноста да се патува, во случајов по Медитеранот, на луксузен брод.