„Кокошка, кнедли и германски равиоли подготвени од мајка ми", „пица со роденденска торта, затоа што никогаш сум немал торта за роденден", и поамбициозната „три поховани бели меса од кокошка, 10-15 морски ракчиња, пржени компири со кечап, две парчиња торта со ф'стаци, сладолед од јагода, мед, бисквити и Кока-кола", се само дел од желбите за последна вечера на осуденици на смрт од американските затвори, чиј број во моментов изнесува 3,000. Еден затвореник од Јужна Каролина посакал шише Дом Перињон но не го добил бидејќи алкохолот како последен „оброк" е забранет во сите 33 држави каде важи смртната казна. Во Лонгхорн Стејт во Тексас специјалните оброци се укинати во септември, откако еден затвореник одбил да го изеде грандиозното мени кое го нарачал.
Со оглед на континуираната дебата околу смртната казна, делото на Грин добива голем публицитет. 519-те цртежи се направени на порцелански бело-сини чинии. Во интервјуа уметничката често ја прашуваат што би нарачала таа како последен оброк. „Ова нема врска со мене", вели таа, додавајќи дека ќе продолжи да слика додека не се укине смртната казна. Како што стојат работите, ќе ѝ бидат потребни доста чинии.